„Ќе ги имаме првите вакцини на Фајзер, потоа оние 200 000 од Кина, а потоа и вакцини преку Ковакс системот. Имавме опструкција од опозицијата при носењето на Законот за лекови, но на крајот успеавме да го донесеме. И при гласањето на овој закон опозицијата сакаше да ќари политички поени. Треба еднаш да сфатат дека мораме да зборуваме, да имаме дијалог, и да мислиме на граѓаните, не на партиите. Ги користиме сите механизми за набавка на вакцините, но тоа е предизвик за цел свет. Останува да се погрижиме што поскоро да стигнат вакцините и кај нас, секако дека имаме контакти. Проблем ни прави тоа што од 2012 до 2015 година, некои од производиелите имале преставништва во Скопје, но заради паралелениот увоз преку криминалот на Груевски, тие фирми заминале од кај нас. И сега ние сме во потешка ситуација и не можеме да ја прогнозираме ситуацијата, туку да се адаптираме. Сето она што СЗО ќе го одобри, добро ќе биде и за нас.“ – изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
Во продолжение истакна дека светот се соочува со сериозни проблеми околу набавката на вакцините.
„Целиот процес со набавките на вакцини мора да биде солидарен и преку помагање едни со други, но никако да не биде натпревар. Нашата држава е помала и сериозен предизвик е да се набават вакцините, но ние даваме се од себе да ги донесеме. Уверувам дека ќе имаме вакцини за 60 до 70 отсто од населението. Многу брзо граѓаните ќе се уверат дека ќе започне вакцинацијата.“- дополни Костадинов