„Многу е смешно кога ВМРО ДПМНЕ изразува загриженост за пандемијата. Само да се потсетиме, тие од самиот старт на кризата се противат на сите владини мерки и никогаш со сериозност не ја сфатија здравствената, но и економската криза. Тоа е партија која нема политички став за ниту една тема, за ниту едно прашање. Постојано ги повикувам на соработка, да не го блокираат парламентот, да носиме закони, да се грижиме заеднички за здравјето на граѓаните. Јасен е нашито став, од политички аспект може да се одложи пописот ако има реални причини за тоа. После 20 години редно е да направиме попис, да ја видиме демографската состојба, економската, образовната…. Имаме време до април, имаме време да се подготвиме и не гладам причина зошто некоја партија би повикувала на одложување или на бојкот.“- изјави Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
Тој повика да не се политизира пописот затоа што преставува статистичка операција.
„Ние водиме дебата за пописот од пред две години, опозицијата постојано е во тек. Никој да не го политизира, туку да го искористиме како статистичка операција, за да можеме да градиме развојни политики.“- заклучи Костадинов.