Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со Генералниот директор на АД ,,Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули.
На средбата се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу МВР и АД ,,Пошта на Северна Македонија“, при што од двете страни беше истакната потребата од формирање на работна група која би ги разгледала сите евентуални пречки за испорачување на личните документи на граѓаните на домашна адреса како и за можните предизвици и насоки за заживување на електронската трговија.
Министерот Спасовски ја потенцираше поддршката од страна на Министерството за внатрешни работи, како и до сега, со единствена цел, граѓаните побрзо и поефикасно да ги добиваат личните документи на домашна адреса.





