ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Образованието не се базира на историја, концепцијата нема никаква врска со надворешно-политички прашања

February 4, 2021 12:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Интегрирање преку наставни содржини, а не  укинување на предмети, предвидува концепцијата за основно образование, вели во интервју за МИА, министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во врска со интегративниот процес, кој е содржан во реформата и кој предизвика реакции во јавноста, со тврдења дека се укинува предметот историја, особено сега во чувствителен перод во односите меѓу Скопје и Софија, Царовска напоменува дека интеграцијата постои и во сегашниот модел од прво до петто оделение, а сега е превидено да продолжи до девето.

-Образованието не се базира на историја и оваа концепција нема никаква врска со надворешните политички прашања на нашата држава. Има единствено врска со внатрешни постигнувања на нашите деца коишто понатаму треба да бидат продуктивни граѓани да ја водат државата. Е сега, интеграција и денеска постои, во петто одделение вие имате интеграција и немате никаков проблем тука. Имаме во четврто, петто и така подметнувања одреден предмет за да се прејде кон предмет на настава од шесто. Од шесто сега би требало само да продолжи. Значи, станува збор за шесто, седмо, осмо и деветто одделение интегрирање, но не целосно поклопување на научните дисциплини, вели Царовска.

Појаснува дека предметите во рамки на општествените или природните науки, остануваат модуларно, бројот на часови останува ист, а интеграцијата се однесува на темите коишто се учат да се поврзат со сите научни дисциплини.

-Зошто? Затоа што ниту еден проблем во животот, ниту еден предизвик не го решаваме само со користење на една научна дисциплина. Треба да имаме сознанија од повеќе научни дисциплини за да можеме да ги надминеме прашањата коишто ни се поставуваат за разгледување на маса. Тоа го поставуваат и сите меѓународни тестирања. Ние со години ништо не менуваме и се чудиме зошто меѓународните тестирања едноставно не оставаат најдолу. Не се нашите деца помалку паметни од другите деца, туку едноставно нашиот систем не ги учи да проблемите ги разгледуваат од повеќе агли, вели Царовска.

Додава дека предметите модуларно ќе постојат и дека никој не треба да се плаши дека ќе остане без работа.

-Јас одговорно тврдам дека ние ќе имаме дефицит. Ние ќе имаме дефицит на кадар со ваква интензивна работа на училиштата. Сега училиштата работат само формално образование и само она што е задолжително. Останато време учениците го поминуваат – дел од нив без позитивно влијание, дел од нив ако родителите имаат финансиски средства да платат со позитивно влијание, но плаќаат за истото – различни секции, различни спортови итн, додава таа.

Концепцијата, како што посочи во интервјуто за МИА предвидува и поголема автономија на наставниците во однос на прилагодување на дел од програмата, внесување на нешто ново.

-Затоа што ниту едно дете не можете да го ставиме во калап. Секое е само за себе. Ниту една средина не можете да ја ставите во калап, а на наставникот сега му е ограничено правото да менува. Тој шаблонски мора да следи нешто што  му е зададено. Сега со автономија на наставникот и со можност на ученикот да избира училиштата стануваат попријатна средина. Многу време ќе ни треба да ја направиме пријатна средина училиштето заради тоа што во моментов има еден отпор кај учениците кон училиштето, но е важно да почнеме да го градиме тоа и да за шест години си зададеме задача да имаме пријатни училишта коишто се безбедни средини за сите ученици, нагласува Царовска во интервјуто за МИА.

Next Post

Владини претставници положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk