Делегација на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“, по повод 149-годишнината од неговото раѓање.
Во состав на делегацијата, која ќе ја предводи потпретседател на Собранието Горан Мисовски, ќе бидат и Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска.