ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Мораме сите да правиме сè да ја менуваме перцепцијата за корупцијата

February 4, 2021 15:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите процеси коишто се во делот на реформире на институциите, сите процеси коишто се преземаат во изминатиот период одат во прилог дека оваа политичка гарнитура има силна волја за борба против криминалот и корупцијата и тоа треба да се ефектуира уште повеќе. Ако ги завршите предметите, ако се завршат одредени настани коишто се коруптивни, а за тоа не се информира доволно јавноста, тогаш не може да се промени перцепцијата. Мораме сите да правиме сè да ја менуваме перцепцијата за корупцијата, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во однос на Индексот за перцепција на корупцијата.

Тој нагласи дека уште повеќе треба да се работи на јакнењето на јавната свест на луѓето за да пријавуваат корупција, и тие да се помогне на органите на прогонот.

– Во однос на перцепцијата за корупција секако дека многу треба да се работи за да ја смениме перцепицијата во општеството. Пецепцијата за корупцијата не значии конкретни резултати во однос на корупцијата дека државата нема, ние имаме многу повеќе резултати од некое минато време во делот на корупцијата, меѓутоа секако дека како перцепција очигледно дека тоа не се менува баш така лесно во очите на граѓаните, потенцираше Спасовски.

Министерот истакна оти смета дека една сериозна држава едно сериозно општество, мора да води постапки за лица коишто навистина злоупотребуваат, коишто се навистина корумпирани и на основа на докази да се водат тие постапки меѓутоа тоа и соодветно да се презентираат и во јавноста.

– Секако дека тука постојат и одредени аномалии кои што ни се случуват и во органите на државната управа и ако тука немаме една неселективна, транспатентна битка против корупцијата и криминалот ние ќе имаме проблем во делот на надминувањето на перцепцијата. Меѓутоа сепак сметам дека перцепцијата треба да се менува и тоа на реални случаи на корупција и на криминал. Знаете ние имавме претходно многу опсежни акции, во времето на режимот, Бумеранг, Змиско око, коишто само да градат перцепција, без доволно докази, без многу докази се водеа постапки коишто сега по судска постапка на крајот едвај завршуваат со некакви условни пресуди или пак завршуваат со ослободителни пресуди, рече Спасовски.

Тој изјави дека МВР покажува силна политичка волја и решеност да се справува со корупцијата и тоа ќе го прават и во однос на сите други институции и органи.

На новинарско прашање за шпелкулации дека не му бил издаден НАТО-безбедносен сертификат, министерот Спасовски изјави дека тој располага со безбедносен сертификат од највисоко ниво, а постапката за добивање на НАТО-сертификатот е рече, во тек.

-Многу нешта се шпекулираат во оваа држава без да се има реални информации. Јас имам прво безбедносен сертрификат од највисоко ниво на доверливост во државата, тоа е државна тајна, а во тек е постапката на добивањето на НАТО – безбедносниот сертификат. Сум го имал и претходно, не гледам причина дека таа постапка нема да заврши успешно и сега и очекувам дека многу скоро ќе го добијам и НАТО-безбедносниот сертификат, рече Спасовски.

 

Next Post

Царовска: Согледуваме кои се потребите на компаниите, за да утврдиме кои струки да се изучуваат во училиштата

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

Мециновиќ: Вториот круг ќе охрабри многу граѓани да излезат и да гласаат

October 29, 2025

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk