Филип Фидановски, директор на ДСУЛУД “Лазар Личеноски” вели дека реформата е
добра за развој на уметничкиот дух кај децата од најмала возраст и развивање на
талентите.
“Се нуди создавање на училиште во кое уметноста од форма преточена во број на
часови, најчесто и здодевни за учениците, прераснува во суштина, во клима и однос на
учењето и живеењето во училиштето. Преку автономијата која ја добиваат
наставниците по ликовно образование, а и оние по музичко образование, тие ја
добиваат и вистинската улога, па тие не се само наставници на час, туку и креатори,
уметници на просторот и атмосферата во училиштето”, рече Фидановски.
Тие треба да креираат програми за изборни предмети и да ги насочуваат учениците во
подрачјето за кое покажуваат најголем интерес: сликање, вајање, керамика итн.
Наставникот може да понуди различни модули, различни програми за изборните
предмети и континуирано да работи со талентираните ученици, а истовремено и да
направи програми за сите други ученици кои ќе сакаат да ги добијат основните” рече
Фидановски.
Фидановски истакна дека ликовното образование е потребно да се реформира на сите
нивоа.
“Затоа овој концепт нека ни биде поттик да се зафатиме со реформи и подобрувања во
наставните програми, во студиските програми, во изработување на насоки, упатства,
материјали и за наставниците и за учениците”, рече Фидановски.




