Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во гостувањето во Телма беше прашана дали ќе оди во “пакет со Заев” како дуото Бајден- Харис за најавувањето на поголемата демократизација на партијата кога прв пат ќе се избира претседател непосредно.
„За мојата функција ќе важи истото што важеше и досега, а тоа е избор на Конгрес. Претседателската позиција се бира на еден начин, а заменик- претседателската се бира на Конгрес како и досега”, одговори Шекеринска.
„Ова е сосема нов концепт, тоа е чекор во демократизација на партиите, зошто тоа беше една од сивите зони кои често пати странските и домашните експерти знаеја да ја покажат со прст како дел од проблемите, јас не мислам дека тоа е единствениот проблем, туку дел од проблемите… И овој пат СДСМ ќе биде прв. Ние кога пред извесно време дискутиравме и направивме чекор за родов партитет, исто изгледаше шокантно, ама со тек на време другите партии мораа да не следат. СДСМ на секој свој член му дава шанса да избере претседател”, додаде Шекеринска.





