ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Барбареев: Реформата е шанса наставниците пак да бидат добри примери за учениците

February 6, 2021 13:29
in ПОЛИТИКА

Реномето на наставничката професија се изгуби во изминатите 30 години а реформата на основното образование е шанса наставниците повторно да бидат добри примери за нивните ученици, рече професорот Кирил Барбареев на вчерашната собраниска јавна расправа за концепцијата за основно образование.

„Е тоа е мојата визија, основното да биде основа на вредности и да го засакаш учењето, науката, татковината. Да создаваме генерации кои кога ќе отидат на натпревар по физика и математика во Франција да се вратат со награди, и таму да ја слушнат македонската химна. Кога ќе отидат на натпревар по историја во Белград, Софија и Атина да се вратат со најдобри резултати, да бидат подобри од соседите во знаење. Тоа е тој културен натпревар меѓу народите. Оваа држава секогаш имала добри учители“, нагласи професорот Барбареев, кој е и член на работната група што ја изготви концепцијата.

Од собраниската говорница тој потсети дека првите одлуки на АСНОМ се однесувале токму на отворање на учителските школи.

„Тој ентузијазам, таа енергија која била во тие години сме ја загубиле ние некаде во овие 30 години. Враќањето на општествениот и економскиот статусот и подигање на реномето на наставничката професија не е само поврзанo со зголемување на платата. Ова е шанса за нас учителите на сите нивоа во општеството, да бидеме пример за трансформација и почеток на вистински вредности, толку потребни. Оти целата суштина на педагогијата е да бидеш добар пример како учител. Тоа е за мене патриотизам” рече Барбареев.

Next Post

Филипче: Обезбедивме значајна количина вакцини за голем процент од населението, немам резерва кон ниту една вакцина

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk