Предложената реформа во основното образование е лекот за излегување од
маѓепсаниот круг на авторитарна политичка култура, да се биде или не, рече Катерина
Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, вчера на собраниската
јавна расправа за концепцијата за основно образование.
Колозова истакна дека дава целосна поддршка на концепцијата, затоа што со неа ќе се
надмине проблемот којшто е надпартиски, а тоа е прашањето на политичката култура и
проблемот на хибридниот режим.
“Сметам дека оваа концепција не е избрана, туку напротив задоцнета. Според мене има
недостаток, а тоа е дека не е доволно радикална и не е доволно смела”, рече Колозова.