ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Парламентарното мнозинство е стабилно

February 6, 2021 12:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Парламентарното мнозинство е стабилно, порача денеска од Штип, Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, откако вчера претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски побара предвремени Парламентарни избори. Николовски забележа дека СДСМ е најголемата и најразноликата политичка партија, која ја добила целосната поддршка од граѓаните, како и од македонскиот исток со што, какошто вели, се прати пораката дека граѓаните застануваат зад членството во НАТО, ЕУ, како и за западниот концепт и за трансформација на општеството со нови европски вредности, поголеми плати, крупни капитални проекти.

-Овде во Штип и ВМРО ДПМНЕ имаа можност, прилика да учествуваат на избори пред само два месеци и нема крај на ретроградните и на политиките на затвореност, на политиките на омраза, на политиките со кои сакаат да ја вратат државата назад. ВМРО ДПМНЕ пред се треба да се реорганизира, трансформира, модернизира, за да има позитивен пристап кај граѓаните, за да има коалициски капацитети и за да граѓаните препознаат нешто во нив. Засега ниту нудат луѓе, ниту нудат програма, ниту нудат проекти и се партија заглавени во криминалот, во обвиненијата и сакат да ја кочат земјата. Граѓаните јасно ја пратија порака, Парламентарното мнозинство е стабилно, вели Николовски.

Забележа дека како Генерален секретар на СДСМ неговата партија ја направила најголемата коалиција, која  го има и најголемиот капацитет, а кон оваа коалиција се приклучуваат Срби, Роми, Бошњаци, Албанци, Македонци, од сите етнички заедници.

-Граѓаните еве и во овој процес даваат апсолутна поддршка на Социјалдемократскиот сојуз и додека ние сме отворени, транспарентни, додека ние чекориме многу напред, ВМРО ДПМНЕ остана заглавена во криминалот, криминалните структури, командувана од Будимпешта, без програма, без идеја, без проекти, без луѓе, вели Николовски.

Тој на првите луѓе на најголемата опозициска партија им порача да ја реформираат, а чесните луѓе и во неа да имаат можност да дојдат до највиските позиции, какошто тие го направиле во редовите на СДСМ, а се со цел да разговараат за идеи, проекти и заедно да ја развиваат земјата. Но, наместо ова, Николовски вели дека од ВМРО ДПМНЕ има постојани блокади и тоа на реформите во судството, јавно обвинителство, потоа трансфер на предметитеод СЈО во Основните јавни обвинителства, како и блокади на правдата и пописот. Според Николовски токму поради ова сите прогресивнио сили се со СДСМ и нивната коалиција и се постојано на терен со граѓните./МИА/

Next Post

Методологијата за спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 е согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат

НАЈНОВО

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите

August 15, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk