ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Која: Го ценам фокусот на Владата за подобрување на односите со соседите, додека земјата чекори напред да продолжи со реформите

February 7, 2021 10:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија постигна значителен наспредок во спроведувањето на својата амбициозна реформска агенда, ја охрабрувам земјата да продолжи на својот реформски пат и на натамошно унапредување во области како што се борба против корупцијата, на јавната администрација и борба против организираниот криминал, додека истовремено е посветена на силно владеење на правото и независност на судството, вели во видео интервју за МИА амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

-Од моето пристигнување во септември 2018 година, земјата направи значителен напредок во спроведувањето на својата амбициозна реформска агенда. Горд сум што нашата Мисија ги поддржа реформите во клучните области, како што се владеењето на правото и борбата против разните транснационални закани. Го ценам фокусот на Владата за подобрување на односите со вашите соседи, што придонесе за безбедноста во регионот. Додека чекори напред, би ја охрабрил земјата да продолжи на својот реформски пат и да продолжи да го подобрува својот удел во области како што се борба против корупцијата, унапредување на реформите на јавната администрација и борба против организираниот криминал, додека истовремено е посветена на силно владеење на правото и независност на судство, вели амбасадорот Која запрашан за коментар за патот напред за земјата по бугарското вето.

Во сферата на правосудните реформи, каде фокусот е на прочистувањето, амбасадорот Која оценува дека усвојувањето на методологијата за оценување на работата на судиите и обвинителите од страна на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители кон крајот на минатата година и нејзиното правилно спроведување ќе биде чекор кон враќање на довербата во судството во земјава.

 

– Откога пристигнав во Скопје, бев затекнат од многу ниската доверба на јавноста во судството според анкетите на јавното мислење. Видовме дека се прават некои чекори за напредок во реформите последниве години, меѓу кои и усвојувањето на Стратегијата за реформа на правосудството за периодот 2017-2022, што ја поддржа и нашата Мисија. Дадовме и голем број препораки за решавање на проблематични прашања што ги забележавме за време на нашето опсежно следење на судењата, вклучувајќи ги и судењата на поранешното Специјално јавно обвинителство. Ги следиме тековните случувања, меѓу кои и усвојувањето на методологијата за оценување на работата на судиите и обвинителите од страна на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители кон крајот на минатата година. Сметам дека правилното спроведување на овие контроли ќе биде чекор кон враќање на довербата во судството, посочува Која.

Запрашан за реформите во медиумите шефот на Мисијата на ОБСЕ посочува  дека одложувањето на парламентарните избори минатата година поради КОВИД-19 го попречи нивното спроведување и оти е задоволен што Владата сега се навраќа на ова важно прашање.

-Гледаноста на јавниот радиодифузен сервис е многу мала, што укажува на тоа дека луѓето таму сакаат да видат промени. Важно е да се зајакнат капацитетите на јавниот радиодифузен сервис за да се презенираат информации кои се објективни и да се промовира општествена кохезија преку содржини што ги задоволува потребите на сите граѓани, смета амбасадорот Која прашан во контекст на предлогот за промената на постапката за избор и назначување членови на Програмскиот совет на МРТ и во Советот на АВМУ во Собранието.

Последниве неколку години, подвлекува Која, Мисијата на ОБСЕ интензивно работи и на зголемување на безбедноста на новинарите во земјава.

-Иако рангирањето на слободата на медиумите во Северна Македонија се подобрува, ние сме сведоци на сè поголем број случаи на сајбер-насилство и онлајн-напади врз новинарки, особено околу изборите. Планираме да продолжиме да работиме со органите за спроведување на законот, судството и медиумите бидејќи тие се обидуваат да се справат со оваа закана за слободниот проток на веродостојни информации што на граѓаните многу им се потребни со оглед на сите дезинформации на кои се изложени, особено на интернет, вели Која.

Собранието го донесе Законот за попис, за април е најавено негово спроведување. Дали со овој Закон може да се спроведе квалитетен попис?

-Охрабрувачки е тоа што дел од опозициските партии го поддржаа усвојувањето на овој закон, иако немаше целосен консензус. По речиси 20 години, важно е земјата да спроведе попис, бидејќи тоа ќе им овозможи на владините институции да развиваат и спроведуваат политики за доброто на граѓаните врз основа на ажурирани податоци. Колку што јас знам, законот бил подготвен според најдобрите практики и стандарди од различни институции со надлежност во оваа област, како што се Економската комисија за Европа на ООН и Евростат.

Извор миа.мк

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk