Добитничката на најголемата филмска награда Оскар, 30-годишната актерка Џенифер Лоренс, беше повредена во експлозија за време на снимањето на новиот филм на Нетфликс „Не барај нагоре“, пишува USA Today. Иако експлозијата била планирана и контролирана, и покрај мерките на претпазливост, големо количество стакло одеднаш се распарчало, повредувајќи ја ѕвездата на филмската сага „Игри на гладот“.
Актерката лежела на земја по експлозијата, држејќи си го лицето, кога минувачите во Броктон, Масачусетс, и притрчале нудејќи помош. Извори од сетот кои се сведоци на настанот велат дека актерката била погодена од стакло, но дека е добро и дека се опоравува. „Стаклото и требаше да се распрсне во таа сцена, но не толку неконтролирано за да се повреди актерката“, рече продуцентот на филмот, додавајќи дека снимањето е запрено по инцидентот.
В.Д