Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по средбата со министерот на Словачка Иван Корчок изјави дека е благодарен за солидарноста, но и за подадената рака на Словачка кон македонскиот европски пат.
Во своето обраќање тој истакна ” Само што имавме една многу пријателска и корисна средба заедно со премиерот Заев, во владата. Многу сме благодарни што Словачка го споделува со нас ставот да ги почнеме преговорите, за членство и да ја имаме првата Меѓувладина конференција што е можно побрзо. Исто така сме благодарни што Братислава застана на страна на европските принципи во декември, во смисла на европската перспектива на целиот Западен Балкан. Во името на сите граѓани би сакал да му се заблагодарам него, на Владата на Словачка, но и на словачкиот народ за солидарноста во ова време невреме. Ова е трета донација што ни доаѓа од Словачка. Добро е да се имаат пријатели, добро е да се имаат блиски пријатели, ова стигнува преко системот на НАТО. Особено е важно да се имааат блиски пријатели што мислат на вас” – рече вицепремиерот за европски прашања по остварената средба во Владата.
В.Д