ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК и Царинска упрва ќе ја зајакнуваат соработката за ефикасна борба против корупцијата

February 8, 2021 14:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на Државната комисија за спречување на корупција и на Царинската управа денеска имаа средба во насока на зајакнување на соработката  во борбата против корупцијата.

-На состанокот со членовите и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Биљана Ивановска, беше потврдена споделената визија за воспоставување ефикасен систем за превенирање и сузбивање на корупцијата. Директорот на Царината Сугарески ги презентираше редовните и планирани активности на царинската организациска единица задолжена за професионални стандарди, со акцентирање на досегашните видливи резултати и трасирани идни делувања според Стратегијата на Царинската управа за интегритет и борба против корупција 2019-2022, соопшти Царинската управа.

Соработката помеѓу двете институции, како што стои во соопштението, особено доаѓа до израз при учеството на Царинската управа во изготвување на стратешки национални документи за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси, како и во учеството во ИПА проекти во доменот на антикорупциско делување и зајакнување на капацитетите ангажирани во овааа заедничка борба.

-Царинската управа има обезбедено пристап до базата на податоци (софтвер ЛУКА, модул за анкетни листови) за пристап до анкетните листови и изјави за интереси на вработените во Царинската управа. Постојаната комуникација помеѓу Царинската управа и ДКСК овозможува сигнализирање на можни случаи на злоупотреба на службена должност и непрофесионално постапување од страна на вработените во Царинската управа, се додава во соопштението.

По усвојување на Националната програма за борба против корупција и судир на интереси со Акционен план за имплементација, се потенцира во соопштението, неопходна ќе биде потесна соработка помеѓу овие институции. За активностите што се во директна надлежност на Царината, најавуваат оттаму, редовно ќе се известува ДКСК во однос на нивната реализација, со перманентно следење на показателите на успешност и постигнат напредок во борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Од особена важност, се нагласува во соопштението, останува да се биде фокусиран и на подигањето на свеста на граѓаните и бизнис заедницата за штетните последици на корупцијата која го нарушува легитимитетот и довербата во државните институции.

 

/МИА/
Next Post

Шекеринска-Џерард: Продолжува партнерството и воената соработка меѓу Северна Македонија и САД

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk