ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Бектеши-Донмез: Постои голем простор за зголемување на соработката во енергетиката

February 8, 2021 16:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можните правци на развојот на полето на енергетика, земајќи ги предвид движењата на енергетските политики во светски и европски рамки и особено во рамките на Енергетската заедница беа тема на разговор на денешната средба во Анкара меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез на која присуствуваше и директорот на НЕР Бајрам Реџепи.

Министерот Бектеши, информираат од Министерството за економија, на состанокот потенцираше дека Стратегијата за развој на енергетиката на Република Северна Македонија до 2040 година ги дава можните правци на развојот на енергетскиот сектор во нашата земја, земајќи ги предвид движењата на енергетските политики во светски и европски рамки и особено во рамките на Енергетската заедница.

-Политиките на нашата земја во областа на енергетиката го следат добрите практики на политиките на ЕУ за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност како и декарбонизацијата, земајќи ги предвид целите и траекториите со реална динамика што се приспособени на домашните специфики и приоритети на Владата на Република Северна Македонија, кажа министерот Бектеши на средбата со Донмез.

Министрите се согласија дека Турција и Северна Македонија имаат традиционално одлична соработка на енергетски план и изразија надежи во иднина оваа соработка да се продлабочи.

Министерот Бектеши го информираше министерот Донмез за проектите кои што се реализираат во Северна Македонија во делот на енергетиката, потенцираше дека има голем број турски компании кои веќе се инвеститори во земјата со надеж дека во иднина нивниот број ќе се зголеми.

-Турската компанија „Гиришим електрик“ веќе започна со изградба на фотонапонска електрана од 10 мегавати на постојната локација на термоелектраната ТЕ Осломеј. Две турски компании од областа на енергетиката поднесоа понуди за претквалификација за проектот за изградба на ходроцентралата Чебрен на Црна Река, проект чија инвестициска вредност ќе изнесува минимум 500 – 600 милиони евра со инсталирана моќност од 333-458 мегавати, а исто така две турски компании се во конкуренција за изградба на дистрибутивната гасоводна мрежа во државата по принцип на јавно-приватно партнерство, инвестиција со проценета вредност од околу 350 милиони евра, кажа министерот Бектеши на средбата.

Директорот на НЕР Реџепи истакна дека повеќе од добредојдени се искуствата на Турција во делот на изградба на гасоводна мрежа и гасното поврзување пред се во плановите на Северна Македонија за диверзификација на изворите со снабдување со природен гас.

Беше договорено во наредниот период да се потпише Меморандум за разбирање кој ќе помогне во размена на искуства и поддршка во делот на гасификацијата.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk