Мигрантите во Велика Британија ќе можат да примат вакцина против Ковид-19, без оглед дали имаат законско право да живеат и да работат во земјата, соопшти денеска британската Влада, додавајќи дека вакцинацијата нема да предизвика контрола врз имиграциските служби.
Според „Дејли меил“, сите илегални мигранти се повикуваат да се пријават кај локалниот матичен лекар за да можат да се вакцинираат кога ќе дојде нивниот ред.
– Вакцината против коронавирус ќе се нуди бесплатно на секој што живее во Велика Британија, без оглед на имиграцискиот статус, рече владината портпаролка.
Владата, исто така, посочи дека пациентите кои се подложени на вакцинација, третман или тестирање за коронавирус нема да бидат предмет на проверка на статусот кај имиграциските служби.
Велика Британија досега вакцинираше повеќе од 12 милиони луѓе со првата доза. Програмата за вакцинација напредна во споредба со ЕУ, делумно затоа што Лондон прв ги одобри вакцините на Фајзер и на АстраЗенека.
Постарите и ранливи групи луѓе имаат приоритет при вакцинирањето, но некои европски земји се меѓу првите кои ги вакцинираат новопристигнатите бегалци кои можат да придонесат за ширење на инфекцијата поради нивниот престој во центрите за азил.
И Германија ги вклучи бегалците во приоритетната втора група, заедно со оние над 70 години и полицијата.