ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Истражување: Противниците на корона-мерките на протестите во Германија предизвикаа до 21.000 заразени?

February 9, 2021 17:10
in ДЕНЕС, СВЕТ

Големите протести на противниците на анти-епидемиските мерки во ноември во Германија доведоа до значително побрзо ширење на вирусот SARS-CoV-2 во земјата оваа есен, покажа заедничка студија на институтите во Берлин и Манхајм.

Поради протестите, на кои десетици илјади граѓани не се придржуваа на епидемиолошките мерки, до Божиќ од Ковид-19 се разболеле меѓу 16.000 и 21.000 Германци, утврдија во заедничко истражување Хумболд-Универзитет од Берлин и Институтот за економски истражувања ЗЕВ.

Првиот протест собра толпа луѓе во Лајпциг на 7 ноември, а уште повеќе луѓе се собраа на 18 ноември во Берлин.

Во заедничкото соопштение на Хумболд и ЗЕВ се наведува дека илјадници луѓе патувале на митинзите од околните помали градови и окрузи и оти истражувачите ги проучувале автобуските мрежи што ги користеле Германците кои патувале на митинзите и, конечно, односот на можно зголемување на инциденцата на инфекција меѓу граѓаните што живеат во овие делови на Германија во споредба со остатокот од земјата.

Медиумите ширум светот на 18 ноември објавија дека вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Германија на тој ден е 13.119, и оти епидемијата во Германија сè уште не била ни приближно толку разгорена како што беше после тоа, па за 16 германски провинции важеше само делумно заклучување.

– Така, по демонстрациите, седумдневната инциденца (зарази со коронавирусот) значително се зголеми во оние области што одржуваа автобуски линии отколку што беше случај во оние области каде што немаше такви автобуски линии, се вели во соопштението на Хумболд и ЗЕВ.

Станува збор за пораст на седумдневната инциденца на коронавирус од 40 случаи на секои 100.000 жители, што според соодветната пресметка доведува до меѓу 16.000 и 21.000 дополнителни случаи до Божиќ како директен резултат на двата протести во Лајпциг и Берлин во ноември.

Во соопштението се вели дека анализата од страна на Универзитетот Хумболд и ЗЕВ за првпат го квантифицирала конфликтот во целите меѓу ограничувањата на правото на лични слободи и мерките за јавно здравје за заштита на населението од епидемијата.

Научникот од ЗЕВ и еден од авторите на истражувањето, доктор Мартин Ланге, ги коментираше резултатите.

– Подвижното малцинство што не ги почитува хигиенските правила може да претставува значителен ризик за сите во својата околина, истакна тој.

Next Post

Ескалираа протестите во Мјанмар

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk