ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предложени законски измени, од 1 јули годинава патни исправи со новото уставно име

February 9, 2021 18:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 1 јули годинава ќе започне издавањето на новите патни исправи на државјаните на земјава со новото уставно име, предвидува меѓу другото Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кој помина денеска во прво читање на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Предлог-законот на седницата помина без расправа и беше даден на натамошно постапување.

Како што образложи повереникот од Министерството за внатрешни работи Весна Доревска, со измените и дополнувањата на Законот се врши усогласување со одредби од Законот за употреба на јазиците, како и усогласување со Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Имено, со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, меѓу другите обврски кои произлегуваат од него, се наметна и потребата од усогласување на обрасците за личните документи на граѓаните што ги издава Министерството за внатрешни работи. За патните исправи како личен документ на граѓаните,се врши усогласување во делот на начинот на печатење на обрасците за патните исправи и начинот на запишување на податоците во нив, со цел сеопфатно усогласување на постојното законско решение со законското решение предвидено во Законот за употреба на јазиците, како во делот на законската имплементација на јазиците на сите етнички заедници во државата, така и во терминолошкото дефинирање на различните категории на граѓани од етничките заедници, на начин кој е утврден во Законот за употреба на јазиците.

Покрај наведеното, предвидено е и усогласување на Законот со Амандманот XXXIII од Уставот на Република Северна Македонија, од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот ,,Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот предвиден во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот, односно пет години од стапувањето во сила на уставните измени.

Обрасците на патните исправи и на визите, се посочува, се печатат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, со превод на англиски и француски јазик и нивното писмо. Податоците кои се внесуваат во патната исправа се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на основно латинично писмо, освен интернационалните ознаки (кодови), што се запишуваат согласно со утврдените меѓународни стандарди.

-Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија, по службена должност се печатат и податоците во нив се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија, на нивно барање, се печатат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. На нивно лично барање, податоците што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. Исто така, на нивно лично барање податоците за личното име што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот, стои во Предлог законот.

Предлог законот содржи преодна одредба која предвидува дека патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе важат до рокот на важење кој е наведен во патната исправа, но не подолго од 12 февруари 2024 година. Предложената измена е во насока на усогласување на законот со рокот предвиден во член 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија односно пет години од стапувањето во сила на уставните измени. Законот, според предлогот, треба да влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна  Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk