На панел дискусијата „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“ во организација на ЦИВИЛ, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски јаи стакна користа на пописот што ја има секој граѓанин.
„Неопходни се точни податоци и информации. Заводот за статистика останува истраен до крај да се изведе пописот. Задача на Заводот за статистика е да ги обезбеди сите точни податоци. Постојат правил во пописот кои ние сите ќе ги исппчитуваме“, истакна Симовски.
Тој додаде дека на крајот ќе даде резултат колку луѓе има во државава и колку се надвор. Ќе се даде информација и за странци кои живеат повеќе од 12 месеци во државата…
„Не е само бројката колку сме туку и какви сме. Политизација од било какви причини и отежнување на пописот може да ја искриви целата слика“, вели Симовски.
„Се друго ќе биде само штета-да немаме попис, како што немаме 20 години. Најголем дел од граѓаните не ги ни знаат последиците. Пописот е неопходен за многу институции. Локалната самоуправа, основи за какво било квалитетно функционирање на локалната самоуправа, но и сите други институции. Без попис трпи образованието, трпи здравството, трпи науката… неопходни се овие податоци, се друго би биле погрешни информации“, рече Симовски.