Франција донираше техничка опрема и софтвер за Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.
Донацијата беше врачена денеска од страна на францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, кој оствари средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Партнери на овој проект се Националниот институт за криминалистичка техника од Лион, кој ги обезбеди плановите за опремата, како и Дирекцијата за соработка во областа на безбедноста и одбраната (DCSD) при француското Министерство за Европа и надворешни работи, која ја финансираше донацијата, заедно со компанијата „Ивотехна“, која ги спроведе работите. Всушност, оваа активност од билатералната соработка е дел од француско-германската иницијатива за борба против трговијата со мало и лесно оружје и муниција со мал калибар и француската меѓуминистерска стратегија за Западен Балкан, информира денеска Министерството за внатреши работи.