ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лајен: Државите од Западен Балкан се изземени од ограничувањата за извоз на вакцини

February 10, 2021 15:39
in ДЕНЕС, СВЕТ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека вакцинирањето во ЕУ се забрзува и оти останува целта да се имунизираат најмалку 70 проценти од населението до крајот на летото.

Во својот говор пред Европскиот парламент, Фон дер Лајен предупреди на претстојната борба против новите варијанти на вирусот и истакна дека земјите од Западен Балкан се изземени од механизмот на ЕУ за транспарентност и одобрување на извозот на вакцини.

– На сите ни треба предвидливост кога станува збор за испорака на вакцини. Затоа е воведен механизам за транспарентност и авторизација на извозот. Немаме намера да ги ограничуваме компаниите што ги почитуваат договорите со ЕУ, а автоматски се изземени ограничувањата на извозот во земјите од Западен Балкан, во нашето соседство, за хуманитарни потреби и во 92 земји со мал и среден приход од инструментот Ковакс, рече Фон дер Лајен. Претседателката на ЕК посочи дека досега се испорачани 26 милиони дози вакцини во ЕУ и дека вакцинирани се околу 17 милиони луѓе. – Сè уште не сме таму каде што би сакале да бидеме во борбата против вирусот, нагласи Фон дер Лајен. Таа призна дека ЕУ била „премногу оптимистична“ кога станува збор за масовно производство на вакцини, но исто така ги отфрли сите критики за заедничката набавка на вакцини, која сега доцни со испорака до земјите членки. – Во право бевме кога одлучивме колективно да нарачаме вакцини како Европејци.„Сè друго би било економска глупост и крај на нашата заедница, рече таа. Во обраќањето до Европскиот парламент, претседателката на ЕК оцени дека „науката ја надминала индустријата“ и за значително пократок временски период отколку што е вообичаено и обезбеди вакцини, кои пак, индустријата има проблем да ги произведе во доволни количини. Покрај најавата за поддршка за масовно производство на вакцини, Фон дер Лајен најави и координација во рамки на ЕУ кога станува збор за борба против нови мутации на вирусот. – Немаме многу податоци за ефикасноста на вакцините против новите варијанти на вирусот. Тие ќе продолжат да се појавуваат и ние мора веднаш да се подготвиме.

Треба да се осигураме дека сме безбедни следната зима и подолго, заклучи Фон дер Лајен. Таа најави презентирање на нова агенда за следната недела за подготовка на ЕУ за борба против новите варијанти на вирусот.

 

/МИА/
Next Post

Османи од Луксембург: Поддршката од пријателите е мотив да работиме посветено на реформите

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk