ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обновата на патот Куманово-Страцин треба да заврши до август, Бочварски на увид во градежните активности

February 10, 2021 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во реконструкцијата на патот Куманово-Страцин. Инвестицијата на оваа делница, во должина од 16,64 километри, е на ЈП за државни патишта и изнесува 7,2 милиони евра и е дел од Коридорот 8.

– Патниот правец Куманово-Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е со вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е и рехабилитација на делницата долга 32 километри. Тоа што е значајно е дека значително ќе ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен пат. Денеска се наоѓаме на трасата од втората фаза на која очекуваме забрзување на градежните работи, за да може комплетно да биде завршена во оваа година. Во однос на првата фаза од Куманово со село Војник веќе имаме избрана фирма-изведувач, а во фаза е изборот на надзор и очекуваме во март да започне рехабилитацијата и на првата делница така што ќе бидеме уште еден чекор поблиску до модернизација на овој коридор. Вкупните средства што се планираат за инвестиција, за доизградба и рехабилитација на целиот Коридор надминуваат 700 милиони евра, што само по себе говори дека оваа Влада е силно посветена на модернизизација на европските коридори на отворање нови перспективи за нашите граѓани и за нашите домашните компании, изјави министерот Бочварски.

Тој информираше дека на источниот крак од Коридорот, инвестицијата е околу 100 милиони евра. Во тек е проектирање за рехабилитација на автопатската делница Хиподром-Миладиновци. Проектот е во фаза на ревизија и ќе се рехабилитира, рече министерот, потсетувајќи дека е рехабилитиран автопатот Миладиновци-Куманово, а во тек е рехабилитација на Куманово-Страцин. Се работи на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и се врши реконструкција и доизградба на третата лента на патот Крива Паланка-Деве Баир.

Министерот Бочварски истакна дека е важно да се реализираат капиталните проекти и во време на Ковид криза за да се доведе економијата и градежништвото на посакуваното ниво, задржувајќи го градежниот сектор стабилен. Инвестициите продолжуваат со посилна динамика, истакна Бочварски.

Директорот Рустеми посочи дека овој пат, стар 30-тина години, ќе биде квалитетно рехабилитиран.

– Ќе се изврши рехабилитација на комплетната коловозна конструкција со асфалтирање во два слоја и санација на три моста. Ќе се направи заштита на косини со армирано бетонски и габионски ѕидови, ќе се постави заштитна мрежа. Постоечката ограда ќе се замени со нова еластична одбојна ограда, ќе се постави хоризонтална и вертикална сигнализација по целата траса и електрично осветлување на патот кој поминува во населеното место Страцин, изјави Рустеми.

Рокот за завршување на градежните работи е август годинава. Изведувач на работите е „Бетон“, а надзорот е на „Геинг“.

 

/МИА/
Next Post

Џеред Лето повторно во улогата на негативецот Џокер

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk