ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Унапредувањето на билатералната соработка и попрецизно таргетирање на помошта- теми на средбата Димитров – Савада

February 10, 2021 15:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска се сретна  со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Северна Македонија, Хиронори Савада, со акцент во разговорите на можностите за понатамошно унапредување на билатералната соработка и колку е можно попрецизно таргетирање на помошта за постигнување подобри резултати.​

Како што соопшти СЕП, Димитров истакнал дека Јапонија е наш голем поддржувач како на економски така и на политички план, традиционален пријател кој од осамостојувањето досега за Северна Македонија обезбедува значителна поддршка преку Официјалната развојна помош на Јапонија.

-Последната грантова поддршка  во висина од околу 813 илјади евра како итна помош за здравствените институции кои се справуваат со Ковид-19 е само уште еден доказ за исклучителната билатерална соработка, но и показател за солидарноста како вредност бидејќи помошта значително ќе придонесе за олеснувње на работата на многу здравствени работници, посочи Димитров, додавајќи дека Владата ќе преземе чекори за  одржливост на резултатите од поддршката.

Во таа насока. Се наведува, на 22 јануари оваа година беше одржан првиот состанок на Комитетот за проекти и уште еднаш беа потврдени динамиката на имплементација, постапките и списокот на опрема која ќе биде донирана. Очекувањата се за неколку месеци опремата да биде испорачана и многу скоро потоа ставена во употреба.

Од јапонска страна,пак, се посочува,  беа поздравени постигнувањата на Владата во контекст на членството на НАТО и беше изразена поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија.

Вицепремиерот Димитров на амбасадорот Савада му посака успех во работата во текот на неговиот мандат, заблагодарувајќи се на јапонската Влада за континуираната поддршка и помош кои што придонесуваат за продлабочување на билатералните односи, стои во соопштението.

 

/МИА/
Next Post

Регистрирани 389 нови случаи на ковид 19, оздравени 998, починати се четири пациенти

НАЈНОВО

Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

November 3, 2025
Скриншот

Нападот во воз кон Лондон: Персоналот кој се обидел да го спречи напаѓачот во животно загрозувачка состојба

November 3, 2025

Собранието ги очекува новите пратеници на местата на избраните градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk