Прес-конференција на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Управен одбор и генерален директор на Електрани на Северна Македонија-ЕСМ, Васко Ковачевки и директорот на Рударско-енергетскиот комбинат-РЕК Битола, Златко Ќурчиевски.
На прес-конференцијата ќе биде презентиран процесот на „енергетска транзиција“, кој подразбира премин од конвенционалните извори, како централи на јаглен или друг вид на фосилно гориво, во производство од обновливи извори. Со цел да се обезбеди стабилноста на електроенергетскиот систем во земјава, целиот процес се одвива постепено.