ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Захариева: Со сигурност има затегнување во односите, сите треба да ги смириме емоциите

February 10, 2021 12:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја критикуваше изјавата на премиерот Зоран Заев дадена во понеделникот на дебатата на американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“, јави дописникот на МИА од Софија.

Заев тогаш кажа дека позицијата на Бугарија е непринципиелна и спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

-Нашиот став е дека пријателите не треба меѓу себе да се блокираат. Напротив тие треба да си помагаат. Бугарија мора да разбере дека имаме суверено право да се определиме и чувствуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а со тоа да се почитуваат и сите европски идентитети кои ги имаме во нашата земја. Сметам дека нивниот сегашен став е анахрон и е спротивен на меѓународното право. Ние како држава ќе продолжиме да ги правиме сите напори да постигнеме надминување на проблемите, притоа почитувајќи се себе си и останатите. Нашата држава е Европа во мало, рече тогаш Заев.

Захариева истакна дека нивниот проблем е тоа што сметаат дека се негува омраза кон Бугарите и оти не се исполнува Договорот.

-Принципиелно ли е да воспитуваш генерации по генерации со омраза кон соседната држава и целиот нејзин народ. Проблемот е дека се негува омраза кон Бугарите, дека не се исполнува Договорот. Не може во 21 век да продолжуваат овие форми на секаков вид дискриминација, рече Захариева во одговор на изјавата на Заев.

Захариева повтори дека Бугарија сака да ја види Северна Македонија како дел од Европската Унија.

-Тоа што сите не прашуваат е зошто да не започнат преговори, а во самиот преговарачки процес да се решат проблемите. Само што не може се да се решат за еден ден, емотивни се, сакавме неколку чекори пред процесот за одобрување за ЕУ, рече Захариева за Нова ТВ.

Таа е уверена дека со коалициските партнери нема разлики во однос на македонското прашање.

-Во однос на темата за Република Северна Македонија имаме одлука во Парламентот, што е едногласно усвоена. Со сигурност има затегнување во односите и сметаме дека сите треба да ги смириме емоциите, додаде Захариева.

Таа смета дека не треба да се зборува за оставка на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност,  Жозеп Борел, по неговата посета на Москва. – Борел не треба да биде остранет од функцијата, затоа што тоа ќе ја зголеми напнатоста, изјави таа, додавајќи дека поранешниот амбасадор на Бугарија во Скопје, кој сега е европратеник, дел од коалицијата ГЕРБ-СДС, Александар Јорданов и уште 72 европратеници бараат негова оставка.  Поводот за тоа е неговата посета на Москва, што според нив го нарушил угледот на Унијата.

Next Post

Активирана веб-страницата за пријавување за вакцинација против Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

Николоски очекува во декември да се избере изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk