Ситен крадец ситна душа. А мислевме само на крупни кражби оди Антонио Милошоски. И не само што краде, туку и лаже. Само вистината е како шило, врти, врти, ќе се појави, вели Петар Богојески во соопштение од Македонски концепт..
Богојески се прашува: Како можел Милошоски да помине кандидатура во ДИК со потврда дека е осудуван? Како можела партијата да го поткрепи за кандидат, осудуван за џепарошлук и фалсификување? Како не се срами да соли памет по ТВ и да зборува за морал?!? Дали овие кривични дела биле клучни за да го мобилизираат во Штази – руската служба во Германија, со цел да не биде осуден на казна затвор, туку да помине со парична казна?
„Колку побрзо се исчистат вошките, толку полесно ќе падне Заев! Време е за перење на опозицијата со шампон за вошки. Сега јасно ли е зошто пред избори баравме финансиска лустрација и потекло на имот на секој кандидат за пратеник, пред да седне во фотеља.“, вели Богојески во соопштението.