Членот на Мешовитата историско-образовна комисија, бугарскиот професор Кирил Топалов ја спореди Северна Македонија со Северна Кореја.
Во гостувањето за БТВ тој рече дека за спорот околу јазикот тешко дека ќе се дојде до некаква научна вистина.
-Јазичниот спор со Република Северна Македонија е условен концепт, бидејќи тој таму се спроведува многу повеќе отколку овде и има многу повеќе луѓе кои артикулираат што мислат дека е вистина, но всушност се научна фантастика и лаги за бугарското културно-историско наследство, рече Топалов.
Според бугарскиот професор, Македонија е Северна Кореја на Балканот поради нејзината, како што рече жестока цензура и жестокиот тоталитаризам.