ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Предвидени 28,4 милиони евра за заеднички проекти меѓу Северна Македонија и Бугарија

February 11, 2021 20:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Откако Владата на Бугарија на 3 февруари одлучи да го зголеми учеството на средствата од Европскиот фонд за регионален развој за 46 проценти, во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји, во споредба со тековниот програмски период од 2014 до 2020 година, се предвидува  да бидат инвестирани над 28,4 милиони евра во заеднички проекти меѓу Бугарија и Северна Македонија во програмскиот период од 2021 до 2027 година. Во моментов се чека одобрување од Европската комисија за реализација на проектот,  јави дописникот на МИА од Софија.

-Со оваа одлука, бугарската Влада го потврди високиот потенцијал и додадената вредност на заедничката програма за прекугранична соработка и заедничките проекти за подобрување на животот и економската состојба во регионот, изјави Деница Николова, заменик-министер за локална самоуправа на Бугарија и ко-претседавач на онлајн состанокот за заедничката работна група, за подготовка на Програмата за прекугранична соработка INTERREG-IPA меѓу Бугарија и Северна Македонија во период од 2021-2027 година.

На состанокот учествуваше и Зоран Димитровски, заменик-министер за локална самоуоправа на Северна Македонија.

Работната група одобри ажурирана стратешка рамка за идната програма, што ќе овозможи развој на нацрт програмски документ и почеток на преговори со Европската комисија.

Исто така, на состанокот беше констатирано дека има три главни приоритети што ќе бидат поддржани во рамките на заедничката програма. Меѓу нив е и реализацијата на стратешкиот проект за изградба на граничен пункт „Клепало“ помеѓу Струмица и Берово. Еден од приоритетите е и спроведување на интегрираниот територијален пристап во рамките на Целта на кохезивната политика 5 „Европа поблиска до граѓаните“, што има за цел директно да ги поврзе локалните потреби со стратешките насоки за развој и да им овозможи на локалните заинтересирани страни да им дадат приоритет на инвестициите за подобрување на благосостојбата на регионот.

Предвидена е и поддршка на малите и средни бизниси во пограничниот регион преку насочена поддршка со поедноставени инструменти за финансирање за модернизирање и проширување на производството.

Програмата исто така ќе финансира проекти според европскиот приоритет „Зелена Европа“, насочени кон градење на зелена инфраструктура за намалување на штетните емисии и загадувањето на животната средина.

Николова посочи дека е забележан и напредок во тековната програма.

-Имаме една од најдобрите програми во ЕУ и бројките зборуваат сами за себе“, рече Николова. Досега се потпишани 77 договори со вкупна вредност поголема од 19,4 милиони евра, што претставува скоро 100 отсто од буџетот на програмата. Повеќе од 12,5 милиони евра се веќе исплатени на корисниците од двете страни на границата, што е скоро 65 проценти од нејзините вкупни ресурси, додаде таа.

Николова истакна дека и покрај ковид-кризата, не се соочиле со одложување на плаќањето на учесниците во проектот, со што програмата се покажа како сигурен и предвидлив партнер во тешки периоди на криза.

Next Post

Поради мутации на коронавирусот Германија затвора граници кон Австрија и Чешка

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk