ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев-Аксинте: Романија целосно ги поддржува европските перспективи на нашата држава, ќе се унапредува и добрата меѓусебна соработка

February 11, 2021 19:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Адела Моника Аксинте, новата амбасадорка на Романија, во Република Северна Македонија.
На состанокот е изразена целосна поддршка од Романија за европските перспективи на нашата држава. Оценето е дека е тоа стратешки интерес на целиот регион и на Европа. Во таа насока е пренесена силна порака на охрабрување, нашата земја да продолжи на патот на реформите коишто се во насока на доброто на граѓаните, како и на патот на остварувањето на стратешките цели. Констатирано е, исто така, дека членството на Република Северна Македонија во НАТО е придонес во безбедноста на целиот Балкан, а поздравени се и политиките на развивање на мултиетничноста и мултикултурата во земјата, како добар пример во пошироки рамки.

Претседателот на Владата Заев се заблагодари за пријателството и поддршката од Романија и упати поздрави до владино-државниот врв во Романија, како и покана за посета на нашата држава, кога ќе има услови за тоа. Премиерот Заев изрази посебна благодарност што во Романија, 8 декември, денот на Св. Климент Охридски е прогласен за Ден на македонскиот јазик.

„Работиме на европски начин, преку политики на дијалог и се заложуваме за европски вредности. Минатото го поставивме како гаранција за иднината на граѓаните и државата и во таа насока продолжуваме. Сега сме фокусирани на заштитата и помош на граѓаните и субјектите засегнати од пандемијата на здравствено-економски план. Економијата е стабилна и нашата цел е, заедно со перспективите кон ЕУ, да отвораме економски перспективи за граѓаните и стопанството“, рече премиерот Заев.

На средбата е изразена заедничка определба за натамошно унапредување на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Романија во областа на економијата и трговијата и преку поврзување на стопанските комори на државите. Се гледаат можности и за продлабочување на соработката и во областа на енергетиката, транспортот, туризмот, културата, образованието./МИА/

Next Post

Тинејџерите во Шкотска ќе можат дома да се тестираат за Ковид-19

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА