ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Започнува првата фаза за креирање на Националната развојна стратегија

February 11, 2021 13:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан, денес остварија средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кого го информираа за започнување на првата фаза на проектот Национална развојна стратегија 2021- 2041. Првата фаза од креирањето на овој стратешки документ ќе биде финансирана од Британската амбасада во Скопје, со техничка поддршка од страна на Организацијата на Обединетите нации преку УНДП, а  ќе резултира со методологија и оперативна структура која ќе се примени при развивањето на стратегијата, што ќе претставува втора фаза на проектот, информираат од Владата.

Методологијата ќе биде инспирирана од современи и иновативни модели на развој, адаптирани на домашниот контекст и базирани на широка и значајна консултација со сите засегната страни. Со тоа ќе се овозможи Националната развојна стратегија да отслика меѓугенерациски, родов, меѓутнички, меѓупартиски и долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории на луѓе. Во рамки на овој проект исто така ќе се идентификуваат и зајакнат врските помеѓу сите останати стратешки важни процеси  кои се одвиваат во државата, првенствено интеграцијата во ЕУ и Агендата 2030 за одржлив развој, а ќе се развие и комуникациска стратегија и електронска платформа, за да се вклучат размислувањата на што повеќе клучни чинители во процесот.

Во воведното обраќање вицепремирот Битиќи истакна: „За ова заедничко патување се зборува во последните 25 години, време е да почнеме со лет. За нас консензусот и инклузивноста при креирањето на стратегијата се клучни. Оваа Национална развојна стратегија треба да продолжи да живее без разлика кој е на власт. Ова ќе биде наш патоказ за тоа каде и како ќе се развива земјата во следните 20 години, затоа важно е да постигнеме консензус, ова е значајно и во полза за државата и сите наши сограѓани.“

Амбасадорката Галовеј ги потенцираше бенефитите од креирањето на ваква долгорочна стратегија.

„Сите земји кои се впуштија во овој процес веќе ги гледаат придобивките од креирањето на план за развој кој овозможува консензус при носењето на одлуки и закони во насока на поддршка на долгорочната стратегија“, кажа Галовеј.

Постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак ја истакна заложбата на целото семејство на ОН во земјата да обезбеди техничка поддршка и експертиза за процесот, каде што ќе биде потребна. Постојаната претставничка на канцеларијата на УНДП Нарине Сахакјан  ја потенцира комплексноста на самиот процес кој за да биде одржлив треба да почива на два важни принципи – да е донесен консензулно, да биде иновативен  и флексибилен, како би можел да се прилагодува на предизвиците и промените кои ги носи новото време.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја поддржа иницијативата потврдувајќи ја нејзината значајност за благосостојбата на државата на долг рок. Тој ја даде заложбата на активна вклученост на Собранието во процесот и донесувањето на стратегијата, додавајќи: „Ова ќе биде јасно патување, врз јасни и прецизни основи со широка опфатност. Сите треба да се заложиме оваа долгорочна развојна стратегија да ги опфати сите карактеристики и потреби на земјата.“, заврши Џафери.

Во Управниот одбор на телото кое ќе го спроведува процесот, членуваат сите четири заменици претседатели на Влада, со што се покажува посветеноста на Владата кон овој важен процес, како  и претставници на ОН и Британската амбасада, а составот ке се проширува и ќе вклучува и други чинители во нашата држава.

Во духот на  инклузивност и консултација, кој треба да биде главна одлика на оваа методологија, во следниот период сите релевантни чинители ќе бидат поканети да бидат дел и да се вклучат во процесот, а дигиталната платформа која ќе биде воспоставена наскоро, ќе овозможи широко учество и можност и граѓаните да дадат свој придонес со своите идеи.

Ова е прва работна средба поврзана со процесот на информирање на клучните политички чинители, институции и организации, кои треба да бидат вклучени во процесот на креирање на долгорочната Национална развојна стратегија, а  во кус временски период се планира да се реализираат средби и со Претседателот на државата, Стево Пендаровски, со Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев,  како и со низа други чинители како што се локалните власти, партиите, стопанските комори, синдикатите, професионалните асоцијации, граѓанските организации и други.

Next Post

Талески: Милошоски да се извини на граѓаните и да поднесе оставка

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk