ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Две опции за државната матура – се чека одговор од средношколците, од МОН и од Владата

February 12, 2021 18:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Од предвидените четири предмети, да се полагаат само двата екстерни, додека за интерните предмети да се впише просечната оценка од четиригодишното школување или да се полагаат два екстерни предмета и два интерни, но во скратен обем.

Две опции се наоѓаат пред матурантите кои под водство на Сојузот на студентите до понеделникот ја бојкотираа наставата со барање државната матура годинава да не се полага како досега.

Првата опција е, од предвидените четири предмети, да ги полагаат само двата екстерни, додека за интерните предмети да им биде впишана просечната оценка од четиригодишното школување.

Другата опција е да се полагаат два екстерни предмета како што бараат матурантите, и два интерни, но во скратен обем, согласно скратената настава поради ковид- кризата, неможноста соодветно да се следат предавањата и поради оскудните техничките услови на дел од нив, како што велат средношколците.

Ова денеска го соопшти пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, на дебатата што ја организираше парламентарниот Клуб на младински политики каде беа презентирани овие две решенија.

Тие сега во писмено образложена форма ќе бидат пратени и до Министерството за образование и наука и Владата, а Зајкова се надева на позитивен одговор.

Според неа, ова е пример за компромисно решавање на општествените проблеми, кога во Собранието се слушнал гласот на средношколците, а низ дебатата се наметнало оптимално решение за кое се надева дека ќе биде прифатливо за учениците, за Сојузот на средношколците, за МОН и за Владата.

Претседателот на Сојузот на средношколците Бленди Ходаи изјави дека за нив е прифатлива првата опција, но конечна одлука ќе донесат по состанокот со членството.

Во понеделникот, Сојузот го прекина привремено бојкотот во очекување одлука во Собранието каде што е доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средно образование, а во вторникот на нивно барање имаа средба со премиерот Зоран Заев на која разговараа за измени на концептот на државната матура.

 

извор 360степени.мк
Next Post

Груби: Коридорот 8 ќе ја рефлектира јазичната еднаквост

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk