ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Пописот ќе даде реална слика за потребите на пазарот на трудот, политиките во пензискиот систем, предучилишното образование и ранливите категории на граѓани

February 12, 2021 10:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Пописот e најмасовна, најобемна, најверодостојна статистичка и во никој случај политичка операција, која претставува важен индикатор за состојбата во која се наоѓа населението,“ нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска  во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција, информираат од Министерство за труд и социјална политика.

„Како Министерство кое во фокусот ги има најранливите групи на граѓани, децата, работниците, пензионерите, лицата со попреченост, имаме реална потреба од попис организиран согласно стандардите на Обединетите нации и според правилата на Евростат,“ истакна министерката Шахпаска.

Таа додаде дека врз основа на податоците што ќе се  добијат  од пописот, Министерството за труд и социјална политика и Владата ќе можат да ги  градат идните политики и стратегии, кои ќе овозможат ефикасен одговор на потребите на граѓаните.

„Од одговорот на прашањето каква е старосната структура на населението, зависат нашите политики за проширување на капацитетите во предучилишните установи, за изградба на домови за стари лица,“посочи Шахпаска.

Министерката истакна дека потребите на пазарот на трудот и насоките во кои треба да се движат обуките и преквалификацијата на работната сила се важен предуслов за ефикасно намалување на невработеноста, но и за обезбедување економски раст.

Таа потенцираше дека преку пописот ќе добиеме одговор и за : Дали и колку е застапена родовата еднаквост на пазарот на трудот? Каква е состојбата со родовото одговорно буџетирање? Податоци од кои потоа ќе зависат нашите идни стратегии.

„Податоците од пописот ќе овозможат на вистински начин да ги планираме политиките во пензискиот систем, за да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани.

Како држава имаме обврска да се грижиме за лицата со попреченост и да обезбедиме нивна целосна инклузија. Тоа е возможно само со скенирање на реалната состојба на теренот,“ истакна министерката Шахпаска.

Таа посочи дека ова се само дел од прашањата чии одговори ќе ги добиеме со спроведувањето на пописот, а тоа ќе ни овозможи дефинирање на реалните потреби на населението.

„Пописот не е наш избор, тоа е наша обврска. Должни сме да креираме стратегии и политики кои одговараат на потребите на граѓаните и кои ни ја отвораат европската перспектива,“ заклучи Шахпаска.

Линк до видео: (191) Пописот ќе даде реална слика за пазарот на трудот, пензискиот систем и предучилишното образование – YouTube​

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk