ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мечките и Македонците

February 14, 2021 15:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Бранко Тричковски

За разлика од мечките, Македонците се будат на првиот снег и го изразуваат своето незадоволство од државата и од локалната самоуправа во шумата. Завиваат како елени во сезоната на парењето. Никој не им ги чисти улиците и тротоарите, а тоа овие цицачи ги доведува во сериозна опасност, дури ги става на листата на загрозените видови: се лизгаат, кршат нозе и раце, понекогаш и глави. На телевизиите како први одат вестите колку интервенции се извршени врз овие нежни створови, колку животи се спасени. Мажјаците што ќе добијат ерекција кога на снег ќе поминат крај споменикот на едрите цицки на македонската жена покрај Кафеаната „Пирин”, мораат да ги имобилизираат своите гордости или да одат на комплетна ампутација. Снегот е смртна опасност за овие нежни чуда на природата. Во која, обаче, тие гледаат спас. Во филозофијата на глупоста како смрт или на смртта како глупост, тоа се вика “македонски синдром”.

Снегот е феноменален феномен кој на Македонците ѝм овозможува да се одлепат од старите рефрени, за короната, да речеме. Или за корупцијата. За Бугарија и бугарската блокада.

Која ги умртвува.

За идентитетот, јазикот и пописот, за сите негации на себе. За дупките по улиците и за пренатрупаните контејнери. Со ѓубрето како алотропска модификација на себе.

Само не од Заев, кој мора да си даде оставка затоа што Хер Флик се лизнал на улицата „Филимена” во Гази Баба и си ја скршил главата. Сите одбиваат да расправаат за штетата на асфалтот. Како и за трагата што овој скот ја оставил во Германија, крадејки   чоколадца и чоколадно млеко, оставајки неизбришлива трага за македонството и тогаш и особено во времето кога ќе стане министер за надворешни работи. Сите можеме да крадеме, но сите што  крадеме не можеме да бидеме министри. А министрите нè легитимираат нас. Нашата држава и нашата нација.

А највеличествено е кога на лоповот и фалсификаторот ќе му падне снег. Да го завее неговото зло. Да крадел Шилегов сладолед, станови, куќи, пари, денеска не би го заебавале за снегот. Не сакам да речам дека снегот е знак дека е невин, не, само сакам да кажам дека генералната култивација на општеството е ориентирана да го штити и оправдува злото кое над него се врши.

Каква е тоа нација?

Зошто во Алепо немаше ниту еден Македонец.

Затоа што по секое бомбардирање Македонецот ќе излезеше пред урнатините и ќе бараше одговорност од власта што сиот смет веќе не го расчистила.

Хахаха.

Никогаш нема да бидеме бомбардирани. Никој не сака да си има работа со разгневените Македонци. Не за бамбардирањето. Не! Туку за тоа што никој не ги расчистува урнатините.

Што ако некоја бомба падне врз колумната на Билјана во која таа пишува дека била од Македонија. Или ако Јасна умре затоа што некој шрапнел и ја искинал личната карта на која пишува Република Македонија. Јас имам спремен текст во кој пишува: Денеска се збогуваме од жената која не можеше да живее во Северна Македонија, со снег по улиците и предавства во главите!

Хахаха!

Да сум ѝ татко ќе станам од гробот, ќе ѝ треснам две-три шлаканици и ќе се вратам во дупката.

Не верувам дека уште еднаш ќе не удри некој посилен земјотрес.

Ниту едно поместување на тлото не е во состојба да го издржи врисокот на Македонците, кои со новите вморонски кондиции се во состојба да ја омаловажат улогата на потресот и целото внимание за несреќата да ја префрлаи врз својата влада.

Да ја украдат несреќата.

Хахаха.

Зошто во Скопје веќе шеесет години нема поплава?

Па, кој Вардар  ќе сака да се излее за да биде злоупотребен во политичките битки на Македонците.

Или во битката на Македонците против себе.

Во многу градови низ Европа,ѐ од снег не се чистат не само малите туку и малку поголемите споредни улици. Само булеварите и другите сообраќајни каротиди. Се друго е оставено на граѓаните, на нивниот интерес нешто да подзачистат или на нивната трпеливост да чекаат снегот да се стопи.

Тоа е така разумно и рационално.

Никој не е спремен за една недела снег да ангажира стоилјдна армија машини и луѓе за да им овозможи на луѓето да веруваат дека живеат во бајка.

Како да ја однесам баба ми во болница, вика некој тип од Водно?

Па, со хелихоптер на Горската служба за спасување.

Или качете ја на грб, му викаат од централата на спасот, и обидете се да се пробиете до „Кочо Рацин”, тука има такси станица, а и автобусите возат или ако имате кондиција, прододолжете до Ургентниот центар, сто метри удолу.

Каква е тоа распекмезена маса.

Значи, не веќе флотантна, туку распекмезена.

Распрдена.

Усмрдена од чекањето на Годо.

На спасот.

А сега, малку посериозно: Историцизмот се однесува на збир на економски, политички, културни итн. околности чие сложено меѓуделување ни овозможува да објасниме еден Настан, додека вистинската историчност ја вклучува и специфичната временскост на Настанот и неговите последици, распонот меѓу Настанот и неговиот конечен Крај (меѓу Христовата смрт и Последниот суд, меѓу Револуцијата и комунизмот, меѓу заљубувањето и оствареното блаженство на заедничкиот живот).

Вели Бадју.

Ние во Македонија сме полни со историцизам, а немаме трунка разбирање на историчноста на Настанот. На себе си како Нстан. Во оваа Бадјуовска смисла. Немаме сила и талент да проникнеме во есенцијалните и развојни димензии на Настанот.

На Македонија како Настан.

Таа скромност, меѓутоа, не го интересира самиот Настан, тој се развива кон својот Крај независно од односот на субјектот што го негира. Само оној што правилно го интерпретира и се труди да го кооперира, има шанси: Македонија е исцрпена  и во својата Илинденска и во својата Асномска димензија.

Ние сме Настан кој оди кон својот Крај.

Прашањето е како тој крај да го култивираме, да го избегнеме или максимално ублажиме чувството на пораз и, најважно, дали сме во состојба да произведеме нов Настан од Крајот.

Нова Македонија.

Вистината е контингентна; таа зависи од конкретната историска ситуација, таа е вистина на оваа ситуација, но во секоја конкретна ситуација постои една и само една вистина, која еднаш артикулирана и искажана функционира како индекс на самата себе и на лажноста на полето со кое се поткопува.

Не само што вистината не е субјективна во смисла на поддредување на неговите хирови, туку самиот субјект и служи на вистината која го трансцедира.

Преведено на “западнобугарски дијалект” на макединскиот јазик, ова е филозофско објаснување на успехот на Заев и на катасрофата на злото и на злобата на вмро-дпмне.


Текстот е личен став на авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk