ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европскиот суд ја ослободи од одговорност Германија за напад и смрт на цивили во Авганистан

February 16, 2021 15:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска ја ослободи Германија од одговорност за воздушниот напад врз две цистерни во 2009 година  во близина на Кундуз, Авганистан, при што, според неофицијални податоци загинаа над сто цивили.

– Германија по нападот покрена истрага што е спроведена по сите правила, се наведува во образложението на пресудата на Европскиот суд за човекови права.

Со тоа е одбиена тужбата на Авганистанецот, кој во нападот од 4 септември 2009 година изгуби два сина. Тој ги обвини германските власти дека по нападот не направиле доволно за утврдување на околностите што довеле до напад.

Авганистанецот бараше и оштета од 5.000 евра, колку што Германија на име „хуманитарна помош“ веќе им исплати на семејствата на загинатите.

Со денешната пресуда затворена е правната можност за понатамошни жалби. Уставниот суд на Германија минатата година го отфрли барањето на семејствата за исплата на поголема отштета.

На 4 септември 2009 година талибанците во близина на упориштето на германската војска во Кундуз украдоа две цистерни со гориво, по што германскиот полковник Георг Клеин, стравувајќи дека талибанците би можеле да ги искористат цистерните за напад, побарал американската армија да изврши воздушен напад.

Во нападот уништени се цистерните, но и загинаа голем број цивили.

Нападот во Кундуз предизвика голем број реакции и несогласувања во Германија, но и во НАТО.

 

/МИА/
Next Post
Фото: МИА

Нови 358 случаи на Ковид-19, регистрирани се 341 оздравени, починати се три лица

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk