Јас лично сметам дека Македонија ќе добие многу, затоа што Македонците конечно ќе ги расчистат дилемите дали се пишува или се брише „Македонец“ бидејќи некој 3 години ги лажеше со ред дека со Преспанскиот Договор се брише македонскиот народ, вели Петрит Сарачини во Топ тема.
„Ова ги става во офсајд сите оние, знаеме кои се. Некој од нив сега поддржуваат, некои се прават глумат и космополитија, до вчера нѝ збореа за чиста Македонија, некои урлаа за референдуми, против референдуми….„Бојкотирам“ сите тие се во „офсајд“ затоа што ова им нуди на Македонците јасно да се пишат „кои се и што се“. Албанците не ги гледајте во оваа приказна затоа што тие се веќе бележани“, рече Сарачини.