Германската канцеларка Ангела Меркел во денешниот телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани му порача дека е загрижена од тоа што Техеран продолжува да ги крши своите обврски од договорот.
ДПА го пренесува портпаролот Штефан Зајберт, дека Меркел му пренела на Рохани дека е „крајно време Иран да испрати позитивни сигнали за да изгради доверба и да ги зголеми шансите за дипломатско решение“.
Според Зајберт, германската лидерка е загрижена затоа што Иран продолжува да ги крши своите обврски од договорот, што американскиот претседател Џо Бајден сака да го обнови доколку Иран запре со нуклеарните активности, јавија британските медиуми.
Француското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека шефот на дипломатијата Жан-Ив ле Дријан за ситуацијата со Иран на 18 февруари ќе разговара на состанокот на кој се поканети неговите колеги од Германија, Велика Британија и САД.
Иран пред два дена и се закани на Агенцијата за атомска енергија со значителни ограничувања на нејзините инспекции, освен доколку до крајот на овој месец не дојде до промена во нуклеарниот спор со САД. /МИА/