Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАР) и Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска преку платформата ЗУМ ќе ги презенитараат резултатите од анализата „Далечинско учење или далеку од учење? Анализа на спроведувањето на моделот на далечинско учење во средните училишта во учебата 2020/2021 година“.
На презентацијата ќе се обрати официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во земјава Даниел Браун, а наодите и заклучоците од анализата ќе ги презентираат Иван Јованов и Илија Станковски од ЛЕАД
Анализата е изработена врз основа на националното истражување за процесот на спроведување на моделот на далечинско учење во средните училишта, во првото полугодие од учебната 2020/21 година, кое меѓу другото ги опфати и следните важни прашања: Како се спроведуваше далечинското учење во средното образование? Кои беа најголемите предизвици со кои соочија наставниците и учениците? Какво е задоволството од Националната платформа за далечинско учење? Колку се чувствуваат сигурни учениците во ваков амбиент? Кои се позитивните примери и научените лекции?