ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Приоритетна цел на Северна Македонија во претседавањето со ЦЕФТА ќе биде отстранувањето на пречките во трговијата

February 19, 2021 14:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир денеска ги презентираа приоритетите на Северна Македонија со претседавањето на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) во 2021 година, информираат владини извори.
Министерот во своето обраќање кажа дека слободното движење на стоките, слободна трговија со услугите, отстранување на пречките во трговијата со стоките и услугите, Дополнителниот протокол 7 за решавање на споровите, како и институционалниот развој на ЦЕФТА структурите ќе бидат приоритет на македонското претседавање со ЦЕФТА оваа година.

Додаде дека примената на ЦЕФТА договорот и активностите предвидени во Акцискиот план на Заедничкиот регионален пазар 2021-2024, ќе бидат основите за нашето претседавање.

„Клучниот столб на нашето претседавање е трговијата. Овој столб има за цел олеснување на слободното движење на стоки, капитал, услуги и луѓе меѓу земјите на ЦЕФТА со цел да се овозможи просперитет и благосостојба за сите граѓани. Активност која ја наметна пандемијата е продолжување на функционирање на Зелените  коридори  за полесно транзитирање на стоки низ регионот, како и за проширување на овие коридори кон соседните ЕУ земји. Нашите активности ќе бидат насочени кон следење на напредокот евидентиран во секоја ЦЕФТА страна во врска со елиминацијата на пријавените нетарифни бариери, подготвување единствен список со сите такси и давачки за увоз или извоз на стоки, подготовка на Акцискиот документ за имплементација на инфраструктурата за квалитет, спроведување на програмите за заемно признавање на Овластените економски оператори и други“, кажа министерот Бектеши во своето обраќање.

Министерот потенцираше дека меѓу активностите на нашето претседавање оваа година ќе биде и идентификување на клучните слабости во регионалната испорака на пратки во поштенските услуги, донесување одлука за воспоставување општ систем на признавање професионални квалификации за одделна професија со постепено проширување на други професии, усвојување рамка за заемно признавање на електронските потписи, како и други форми на електронска идентификација.

„Со оглед на тоа што во минатите години бевме сведоци за одредени нетарифни бариери, во 2021 година ќе се фокусираме и на подготвување на првиот извештај за нетарифни бариери со цел да се идентификуваат трговските пречки со кои се соочува бизнисот во регионот. Како еден од приоритетите на претседавањето се и преговорите и склучувањето на Дополнителниот протокол 7 за решавањето на споровите со кој ќе се создаде правна рамка за решавање и елиминирање на трговските бариери меѓу членките на ЦЕФТА за кое веќе е одржана една рунда на преговори во земјата“, кажа министерот  Бектеши и потенцираше дека ќе се работи и на организациско и функционално подобрување на работата на ЦЕФТА Секретаријатот.

Евроамбасадорот Дејвид Гир кажа дека претседавањето со ЦЕФТА на Северна Македонија дава можност за значаен напредок во многу области.

„Економско-инвестицискиот План и ЦЕФТА делат заедничка цел: подобро да ги интегрираат економски земјите од Западен Балкан, помеѓу себе и со ЕУ. Планот исто така става силен акцент на градењето на заеднички регионален пазар како начин за зголемување на конкурентноста на земјите од Западен Балкан“, кажа евроамбасадорот Гир во своето обраќање.

Next Post

Општина Аеродром го повлекува конкурсот за новинари

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk