ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Државната матура со измени, учениците до 5 март да ги пријават испитите што ќе ги полагаат

February 19, 2021 07:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо три екстерни и еден интерен, средношколците во завршна година ќе полагаат два екстерни и два интерни испита и проектна задача на државната матура, а согласно со постигнатиот договор со Владата, најдоцна до 5 март треба повторно да ги регистрираат испитите што ќе ги полагаат односно имаат можност да ги променат тие што ги пријавиле.

На средбата со премиерот Зоран Заев, Средношколски сојуз договори да имаат два наместо три екстерни испити, со тоа што третиот екстерен испит се симнува на ранг на интерен, заедно со другиот интерен што веќе го имаат за полагање. Наместо од 29 мај, полагањето на државната матура е одложено за една недела и испитната сесија ќе почне од 5 јуни.

Програмите за екстерните испити ќе бидат скратени и за тоа ќе одлучува работна група составена од претставници од Бирото за развој на образованието, од Сојузот и од наставници номинирани од него, а со работната група ќе претседава претставник од Кабинетот на премиерот. Целиот процес треба да заврши до средината на март.

Со постигнатиот договор се прифаќаат барањата на Сојзуот на средношколци – наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити и базата на прашања најдоцна три недели пред денот на испитот и тие да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања. Ќе се зголеми коефициентот кај несоодветниот екстерен испит од 0,5 на 0,9, односно од 5 на 9 поени. Првиот екстерен испит (Мајчин јазик) треба да биде сметан за соодветен од сите високообразовни институции во земјава, а  Државниот испитен центар да овозможи Естетика и Филозофија (кои досега беа во листата за третиот екстерен испит) да бидат вториот екстерен за матурантите во средните уметнички училишта.

Ќе се прифати и промена во начинот на добивање на поените за интерните испити, така што предвид ќе се земат оценката од испитот и просекот по предметот како основа за добивање на поените, односно подеднакво ќе учествуваат и оценката и просекот.  Универзитетите, пак, треба да објават кои од Листата на наставни предмети се соодветни за нивните студиски програми.

Премиерот Заев вчера истакна дека средношколците  со издржани аргументи ги образложиле предлозите за модифицирање на државната матура и дека со постигнатиот договор ниту еден матурант нема да има проблем да се запише на некој од домашните или странските престижни универзитети, бидејќи повторно ќе има четири предмети неопходни за да запише студии.

– Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура поради влијанието на пандемијата на образовниот процес и врз основа на заедничката размена на аргументите и следејќи го примерот од останатите европски држави, за нас е прифатливо сѐ што е во нивна полза, истакна Заев.

На заедничката изјава со премиерот, претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи рече дека компромисот ги задоволува нивните барања, не го нарушува системот и ги штити интересите на учениците.

-Се изборивме нашите основани барања да бидат спроведени. Владата и премиерот Заев ги прифатија овие барања како дел од заедничкиот компромис, изјави Ходаи.

Дванаесет дена од почетокот на второто полугодие матурантите организирани од Сојузот на средношколци ја бојкотираа наставата затоа што Министертството за образование и наука одбиваше да го измени концептот на државната матура.

Претставници на Сојузот и нивниот лидер минатиот вторник имаа средба со премиерот Заев на нивно барање, додека во исто време ја чекаа и одлуката во Собранието каде што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог да се измени и дополни Законот за средно образование за да им се исполнат барањата за помалку предмети и кратење на испитните програми.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера, по објавата на договорот со Владата, соопшти дека го почитува ставот на матурантите за постигнување компромисен договор за начинот за полагање на матурата, подвлекувајќи дека тие покажале интегритет, упорност, но и способност за организирање преговори.

Според партијата, решението нецелосно ги поддржува барањата на матурантите кои, како што наведе, „протестираа и изгубија драгоцено време и енергија за на крај Владата, сепак, да попушти – но не докрај да ја испочитува нивната волја“.

-Покрај тешкотиите во школувањето во период на КОВИД-19 пандемија матурантите се соочија и со бесчувствителниот тврд став на ресорната министерка Мила Царовска, која не покажа воопшто разбирање за нив. Како министер којшто дал ветување, Царовска можеше и мораше да ги послуша токму учениците, соопшти опозициската партија./ МИА/.

Next Post

Се вакцинираат здравствените работници, од голема важност е тоа да го направат и возрасните, како најризични

НАЈНОВО

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk