ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Граѓаните заслужуваат современ Клинички, пратениците на опозицијата да соберат храброст да го одблокираат Законот

February 21, 2021 10:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, потенцира дека граѓаните заслужуваат нов Клинички центар и ја повикува опозицијата да го одблокира законот во Собрание. Партиските разлики треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните, за изградбата на новиот Клинички центар претходеа дебати со експерти и пратеници, целиот процес е јавен и транспарентен а новото Законско решение е можност со опозицијата заеднички да се нарави нешто што е важно за граѓаните, смета Филипче.

-Жалам што со 2000 амандмани опозицијата го блокираше законот на Комисијата за здравство во Собранието. Од самиот почеток постапката за изградбата на Клинички центар е отворена и транспарентна. Во Собранието имавме една јавна дебата заедно со експерти, пратеници од претходниот парламентарен состав ја објаснувавме идејата зошто и како е избрана локацијата, зошто беше прекинат оној претходен проект. Во делот на транспарентноста и отвореноста навистина верував дека ќе најдеме заеднички јазик и дека опозицијата ќе се приклучи кон овој проект. На граѓаните да им покажеме дека тоа што е важно да се направи за нив, имаме капацитет да го направиме заеднички, дека ќе ги надминеме овие разлики, дека нема да го блокираат законот. Секогаш кога опозицијата сака да напарави таква работа веднаш обвинува за криминал, за дивоградби итн. – вели Филипче.

Со новиот Клинички центар ќе се овозможи интегриран систем на здравствена услуга како што е пракса секаде во светот, односно физички една или неколку блока од згради да бидат споени, на тој начин најбрзо се добива здравствена услуга. Претходниот проект беше прекинат од неколку причини, објаснува Филипче:

-Тоа беше проект кој што не беше вистински Клинички центар беше само нова зграда за интерни одделенија. Хирургија остануваше стара, Кардиологија надвор, Педијатрија надвор, Инфективни болести надвор, Максиофацијална хирургија надвор, Клиниката за онкологија надвор од тој нов блок и тука немаше апсолутно никаква логика, а требаше да чини околу 120 милиони евра, па ние ги изреновиравме сите интерни одделенија за некоја мала сума којашто не може да се спореди со оваа. Јасно е зошто е избрана локацијата Ѓорче Петров, онаа првична локација во Злокуќани  имаше многу приватни парцели и требаше да влеземе во фаза на обештетување кое ќе одземеше многу време, а и многу ќе чинеше. Новизбраната локација е чисто државно земјиште – вели министерот.

Две најреномирани европски комапнии аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на конкурентниот дијалог – германската „Вамед“ (Vamed) и француската „Буиг констракшн“ (Bouygues construction). Едната компанија со одлична експертиза во делот на физичката градба и другата компанија во делот на опремувањето и ставањето во функција на новиот Клинички центар.

-Целта на Законот е да се дозволи двете компании, за што тие се подготвени, да дадат една понуда, не се конкурентни една на друга едноставно во делот на сопставената експертиза да го направат најдоброто што треба, за нашите граѓани да имаат една современа болница. Искрено се надевам дека ќе соберат храброст пратениците од опозицијата, дека ќе покажат волја да ги повлечат амандаманите. Тоа не се амандмани кои се конструктивни, тоа се амандмани кои се таму ставени само законот да не може да помине – вели Филипче.

Next Post

СДСМ: Петтиот пакет мерки вреден 160 милиони евра обезбедува помош за граѓаните и градење стабилна и развојна македонска економија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk