ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Власта порачува дека мора да се попише населението, опозицијата собира потписи за поништување на Законот за попис

February 22, 2021 07:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не смееме да дозволиме несериозност и во следните десет години да немаме попис на наслението, порача премиерот Зоран Заев, додека опозицијата низ градовите во државата собира потписи за поништување на Законот за попис.

– Ако сме држава којашто 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро. Убеден сум дека ќе имаме успешен попис од 1 до 21 април, онака како што е предвидено, изјави Заев вчера во Пробишти, коментирајќи ја иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за предлагање на Закон за поништување на Законот на попис.

Премиерот нагласи дека Законот за попис е во согласност со начелата на Евростат и на сите меѓународни стандарди, посочувајќи дека се работи за статистичка операција, чие блокирање не е ни малку патриотски чин кон државата. Заев изрази уверување дека ќе преовлада трезвеноста, одговорноста и зрелоста кај сите граѓани, а најмногу кај политичарите.

Во меѓу време, ВМРО-ДПМНЕ продолжи со иницијатива за собирање потписи за поништување на Законот за попис, под мотото „Стави го својот потпис за вистински попис“, што започна во саботата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера попладне на Фејсбук објави дека во рамки на иницијативата веќе се собрани 45 илјади потписи. Опозициската партија планира собирањето потписи да трае 21 ден и на иницијативата да се поптишат над 100.000 граѓани.

– Денес се собрани нови 20 илјади потписи против фалсификат на пописот кој на сила го турка власта. За два дена собрани се 45 илјади потписи. Благодарност до секој еден граѓанин за поддршката. Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот, затоа што народот е силата, енергијата и кај него е вистината. 45 илјади потписи за вистински попис, посочи Мицкоски во објавата на Фејсбук.

ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение наведе дека илјадници граѓани ширум земјава масовно даваат поддршка за како што велат „Граѓанската иницијатива за Закон за поништување на Законот на попис“. Според партијата, СДСМ со сегашнито Закон за попис наместо статистичка, сака да спроведе политичка операција „за задоволување на интересите на коалициските партнери“.

Во реакција на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ оцени дека опозициската партија „со својата деструктивна и крајно неодговорна политика продолжува да работи против граѓаните и против државата“.

– Во време кога државата, по речиси 20 години се подготвува за попис на населението, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски се обидува да ја закочи и саботира оваа статистичка операција. Иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис нема да го спречат овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата, наведе СДСМ во партиско соопштение, додавајќи дека овој потег на Мицкоски е само „за внатрепартиска употреба и за исполнување на сопствени хирови“.

Според СДСМ, пописот ќе се одржи оваа пролет и ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди и конечн, како држава ќе имаме целосни, прецизни и релевантни податоци, што ќе послужат за креирање на издржани долгорочни политики за развој./МИА/.

Next Post

СЗО: Пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Дилемата на ЕУ: Комисијата нуди „морков“, членките бараат „навистина подготвени“ кандидати

November 4, 2025
Фото: Скриншот

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

November 4, 2025

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk