ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Алаѓозовски со претставници на српската заедница разговараше за пописот

February 25, 2021 16:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Важноста од спроведување на успешен попис, во контекст на заложбите на Владата интегрирани во Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 година, беше во фокусот на денешната средба на националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски со претставници на српската етничка заедница во земјава.

На состанокот, информираат од владината прес-служба, присуствуваа претставници на граѓански здруженија, а присутен беше и Милутин Станчиќ, директор на Управата за унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.

-Заклучокот на средбата беше дека за да имаме успешен попис неопходна ќе биде вклученост на сите. Само на тој начин ќе имаме попис со релевантни податоци кои се основата за креирање на квалитетни политики кои одговараат на потребите на сите, соопштија од Владата.

Посочувајќи дека претстојниот Попис 2021 е многу важна операција за добивање статистички податоци за лоцирање на потребите од преземање мерки во поглед на подобрување на животниот стандард на најмаргинализираните категории граѓани, на состанокот беше упатена порака за потребата од широка поддршка од сите заедници на овој методолошки процес.

На состанокот, присуствуваше и Јасмина Ѓоргиева, координатор на Секторот за дисеминација и односи со јавноста во Државниот завод за статистика која ги презентираше најважните аспекти од процесот, со особен осврт на самото попишување. Тоа што беше од најголем интерес и беше поздравено од сите присутни е што секој граѓанин доколку побара ќе може да биде попишан на својот мајчин јазик, независно дали е тоа македонски, албански, српски, турски, влашки, ромски или босански јазик.

Исто така, на средбата се разговараше за заштитата на личните податоци и безбедноста на целиот процес на попишување.

Беа разменети информации за важноста на пописот како статистичка сложена операција, која ќе даде одговор за бројноста на населението, семејствата и живеалиштата, со цел преземање на соодветни политики за создавање еднакви животни услови за сите категории граѓани./МИА/

Next Post

БГНЕС: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е оженет со Бугарка

НАЈНОВО

Фото: Европски парламент

Фон дер Лајен најави исплата на шест милијарди евра поддршка за Украина

November 13, 2025

Општина Крива Паланка најтранспарентна локална самоуправа во државата

November 13, 2025

Дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 16 ноември

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk