ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Истрагата мора да покаже каде е пропустот и дали некој помагал на Мијалков

February 26, 2021 19:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Истрагата во овој дел за случајот со Сашо Мијалков мора да покаже за тоа каде е пропустот, во кој дел од системот и системот да се консолидира за да не ни се повторуваат вакви настани во иднина. Истрагата мора да покаже дали некој помогнал и кој е тој и да се види каде е проблемот во целокупниот систем на функционирање, за да бидеме осигурани дека правдата ќе биде задоволена.

Ова вечерва го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата Трилинг на ТВ 24, кој нагласи дека треба сериозно размислување како ќе се продолжи и понатаму и во овој случај и во другите случаи во кои е осомничен Мијалков.

На изјавата на обвинителката Вилма Русковска дека не верува оти Мијалков може вторпат да избега, Спасовски смета дека, како што рече, ако еднаш посегне да украде, може да украде вторпат, ако еднаш се обидел да избега, може да избега и вторпат….

МВР ќе го обезбедува Мијалков и секој друг што е обвинет врз основа на решение на судот, од моментот на изрекување на решение за притвор па се до моментот на завршувањето на притворот.

На прашањето дали странски служби и дел од наши пријателски и влијателни амбасади беа вклучени и помогнаа во пронаоѓањето на Мијалков, министерот Спасовски потенцира дека институциите на системот во РС Македонија функционираа координирано и заендички со цел да биде обезбеден и изведен пред правдата.

Според Спасовски, во МВР не постојат електронски алки или уреди, во времето на Владата на ВМРО – ДПМНЕ се обезбедени електронски алки во Агенцијата за изрекување санкции и тие се однесуваат за издржување казна домашен затвор.

– Ние немаме електронски алки или електронски систем за ЏПС следење на кој било што се наоѓа во притвор, изјави министерот Спасовски, додавајќи дека МВР,  Мијалков го безбедува физички со 24-часовно присуство на полицијата.

На прашањето дали е категоричен дека не пребегал во Белград, Спасовски потенцира дека апсолутно не, Мијалков бил во нашата држава.

– Се направија низа чекори од страна на инситутциите пред се во однос на тоа да детектираме кој може да помогне, значи членовите на неговото приватно обезбедување, членовите на неговото семејство и целокупниот имот што го поседува без еден од начините за да можеме и да дојдеме до него и да биде задоволена правдата. Кој е инволвиран во бегството, верувам дека на крајот од истрагата ќе се покаже. Една работа е што не донесе до тоа да се случи, кои се пропустите во системот и второ кои се помагачите и извршителите, Тука мора да има одговорност, рече Спасовски.

Прашан каде се кртовите, според Спасовски секаде можат да бидат и во МВР и во Обвинителството, и во судството и во тајната полциија. Нема институција која до 2017 година не беше окупирана од режимот, Окупацијата на институциите во тој период отвора можности да постојат многу луѓе да пренесат какви било информации.

На прашањето каде бил Мијалков во тие неполни два дена, Спасовски одговори дека треба да се ценат сите околности во однос на било кој обвинет во државата заради тоа што единствено според Законот за кривична постапка, кој може да даде било каков предлог за обезбедување на кој било обвинет е Јавното обвинителство до судот, а се ценат врз основа на повеќе параметри, а еден е сигурно функцијата на која бил обвинетиот, контактите што ги имал, дали поседува имот, патни исправи што се од други држави и друго, и врз основа на тоа да се бара да има засилени мерки на обезбедување.

– Во моментот кога беше дадено решението да се врачи на обвинетиот Сашо Мијалков за да издржува мерка домашен притвор беа посочени локациите каде тој може да се наоѓа. Откако беше побаран на сите локации и не беше најден, ние го информиравме судот и тоа беше доволна претпоставка да се распише и национална и меѓународна потерница, појасни министерот Спасовски. /МИА/

Next Post

Советот за безбедност на ОН донесе резолуција за правична дистрибуција на вакцините

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk