Претставничкиот дом на САД одобри огромен пакет за ублажување на ефектите од коронавирусот во вредност од 1,9 трилиони долари.
Неговото усвојување беше поздравено од Демократите како акт што ќе поттикне финансирање на имунизацијата, ќе ја олесни работата на администрацијата и ќе им помогне на милиони семејства погодени од смртоносниот вирус.
Четири дена откако бројот на жртвите од Ковид-19 надмина 500.000 луѓе во САД, значајната финансиска мерка, поддржана од претседателот Џо Бајден, е упатена на разгледување во Сенатот следната недела.
Предлог-законот, кој беше одобрен со 219 наспроти 212 гласа, вклучува одредба за зголемување на минималната плата на 15 американски долари на час.
извор: МИА