ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народна банка е на добар пат кон членство во Европскиот систем на централни банки

February 27, 2021 12:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народна банка соопшти дека успешно се спроведува твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ)“, објави МИА. Досега се одржани две презентации од областа на банкарската супервизија и регулатива.

-Народната банка е постојано посветена на усогласувањето на домашната регулатива и на практиките во своето работење со законодавството и рамката на Европската Унија во сферата на банкарската супервизија. Ова е опфатено и со дел од проектните активности од твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“, финансиран од Европската Унија, велат од Народна банка.

Оттаму посочуваат дека во една од компонентите на овој значаен проект, активностите се однесуваат на супервизорската оцена на процесот на утврдување на интерната ликвидност (ПИЛ), којшто како новина се воведе во текот на минатата година, како и на подобрувањето на наплатата на побарувањата и управувањето со нефункционалните кредити од страна на кредиторите

-Експертите од нашата централна банка ги спроведуваат овие проектни активности во соработка со своите колеги од централните банки на Германија, Холандија и Хрватска, информираат од Народна банка.

Вчера се одржал и е-настан на којшто биле презентирани дел од остварувањата во текот на проектот.

-Заради натамошно усогласување со стандардите на ЕСЦБ, врз основа на пренесеното искуство и во согласност со најдобрите практики во овој домен, Народната банка изработи интерна методологија, односно Прирачник за оценување на процесот на утврдување на интерната ликвидност на банките. Прирачникот содржи принципи и насоки со кои се обезбедува конзистентна примена на пристапот при супервизорското оценување на овој процес. Од друга стана, преку јасно и транспарентно изнесување на очекувањата на Народната банка за овој процес, со објавување информации на својата интернет-страница, како и преку заемен дијалог и други форми на комуникација со банките, ќе се обезбеди унапредување на рамката и на управувањето со овој процес кај банките, истакна во воведното обраќање, директорката на Секторот за супервизија на Народната банка, Викторија Глигорова.

Ружица Андроникова, советник – програмски менаџер во Делегацијата на Европската Унија, во своето обраќање рече дека Извештајот на Европската комисија за земјата веќе неколку години укажува на постојан напредок и умерено ниво на подготвеност во областа на финансиските услуги, каде што банките и банкарските институции имаат најголем удел.

-За време на дијалогот за политиките, како и на состанокот на Поткомитетот за внатрешен пазар и конкуренција, одржан на денот пред овој настан, Европската комисија ги охрабрува властите да продолжат со транспонирањето на законодавството на Европската Унија, имајќи ги предвид големината и нивото на развој на локалниот пазар. Се радуваме што помошта од Европската Унија и твининг-проектот овозможуваат размена на искуствата со колегите од централните банки на Германија, Холандија и Хрватска. Секако, сите овие активности се од клучно значење за одржување на финансиската стабилност, прудентните политики и за обезбедување добра заштита на потрошувачите во полза на сите граѓани на земјата, нагласи Андроникова.

На првиот дел од настанот, претставниците на Народната банка се осврнаа на процесот на супервизорско оценување на ризиците, влијанието на процесот на интерна ликвидност врз корпоративното управување, методологијата на Народната банка за оценка на ПИЛ, нејзините принципи, како и првичните сознанија и утврдените најдобри практики стекнати преку оценка на првите извештаи за ПИЛ коишто ги доставија банките во 2020 година.

На вториот дел од настанот, претставници на Хрватската народна банка ги презентираа искуствата и законските решенија применети во Република Хрватска за продажба на кредитите и се разговараше за решенијата коишто би можеле да се применат во нашата земја. Врз основа на пренесеното искуство, Народната банка ќе ги разгледа можностите за натамошно унапредување на домашната регулатива.

-На настанот се отворија и повеќе прашања поврзани со практичната примена на двата аспекта опфатени со презентациите, при што се покажува подготвеноста на банките за соодветно прифаќање и спроведување на искуствата и практиките во Европската Унија. Со тоа, уште еднаш се потврди успешноста на овој проект преку постојаното спроведување активности од Народната банка за редовно усогласување на домашната регулатива и практиките со законодавството на Европската Унија, велат од Народната банка.

Next Post

Предадена во употреба модуларната Ковид болница во Гостивар

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk