ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Објавен 19-тиот меѓународен конкурс за Стрип- Велес 2021

March 1, 2021 13:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави, традиционалниот, 19-ти  по ред меѓународен конкурс за Стрип. Рокот за испракање е до 20-ти септември  2021 година, а право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста.

Томе Трајков од СЦМ-Велес појаснува  дека должината на стрипот треба да биде од една до шест табли, и тоа на А4 формат, мин. 300дпи ако се испраќа електронски. Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку  пет слики. Тој напоменува дека доколку стрипот е во боја, препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или да се достави лично.

-Стриповите нема да бидат вратени, со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во рамки на промоција на своите активности, вели Трајков.

Tемата на стрипот е слободна. Секој автор без разлика дали е цртач, туш, колор, може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.

-Учесниците коишто се во основно образование треба да се насочат кон своите основни училишта заради раширување на информацијата, организирано пријавување, како и избор на тема за цртање. На еден стрип можат да работат повеке автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)
Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, дата на раѓање адреса, и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот нацртан. Исто така, на сите стрипови треба бидат наведени авторите, како и називот на стрипот.

Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени предвид за награди.

Стриповите од македонски автори треба да бидат на македонски јазик и кирилско писмо, исто така, сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за излагање на  изложбата на Салонот на стрип со реална можност за друг вид промоција.

Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена интернационална комисија којашто ќе направи избор и ќе ги предложи востановените награди.   Прва награда, е 200 евра,  ”Златен стрип ” и диплома за прво место,  за втора и трета награда се доделуваат дипломи, предвидени се награда за најдобро сценарио, награда за најдобар млад автор до 18 години и други специјални награди.

– Секако дека има место за оптимизам за македонскиот стрип, само еден пример е  масовното учество на млади македонски автори на интернационалниот стрип конкурс организиран од наша страна (повеќе од половината беа токму нивни стрипови). Создаваме стрип јадра и во уметнички училишта и академии.  Создаден е процес и нема запирање. На стрип авторите може само да им порачам помалку зборување повеќе работа, изјави Трајков.

Додаде дека се свесни за континуитет кој ги ставил најблиску до улогата на „чадор“ организација на македонскиот стрип.

-Задоволни сме од поддршката што македонскиот стрип ја има во овогодинешната Годишна програма за култура 2021, потенцира Трајков

Испраќањето може да се изврши преку Е-маил:stripkonkurs@gmail.com или на адресата Стрип Центар на Македонија – Велес, Ул. Васил Горгов, бр.78 ,1400 Велес ,Република Македонија.

Рокот за испракање е до 20-ти септември  2021 година

 

Next Post

Заев: Никому не му паѓа на памет да ја укине Катедрата за македонски јазик

EVN

НАЈНОВО

Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

January 28, 2026
Скриншот, видео Х

Прв официјален извештај за убиството на Алекс Прети: пукале двајца агенти на ICE

January 28, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk