ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДЗС: Објавите дека Апликацијата е пробиена се неточни и деструткивни

March 2, 2021 10:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за статистика излезе со соопштение во врска со објавите на некои од медиумите дека наводно Апликацијата е пробиена, кои се неточни и десктруктивни.

  1. Во врска со внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис  и  Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци.

 

  1. Со самиот внес на податоците на таков начин, не значи дека тие автоматски влегуваат во резултатите од Пописот, напротив, сите податоци внесени преку апликацијата подлежат на проверка и споредување  со претпописната база на податоци, со податоците што ќе се приберат со  попишувањето на терен на целата територија на Република Северна Македонија, а сè со цел утврдување на вистинитоста на податоците.

 

  1. Секој податок за кој ќе се утврди дека е лажен, нема да биде земен предвид при обработката и воедно тоа ќе претставува кршење на правилата на Пописот и е казниво со Закон.

 

  1. До апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен, токму поради тоа што Апликацијата е наменета само за државјаните на РСМ кои живеат надвор од РСМ, но секое нарушување на процесот на прибирање податоци е казниво со Законот за Попис, односно:

 

Согласно член 49 од Законот за Попис на населението, „Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години“.

 

  1. При регистрацијата на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот,  во апликацијата  автоматски се запишува од која ИП адреса се внесени податоците.

 

  1. Апликацијата за самопопишување е во согласност со Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година и Упатството за самопопишување на лицата отсутни во странство, што ги донесува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС).

 

  1. Со пријавувањето на Апликацијата корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација,  и телефонски број на корисникот.

 

  1. Пред да се запишат податоците за регистрација во Апликацијата, корисникот  селектира дека е согласен со Уловите за користење, каде што е наведено следното:

 

„Се согласувам моите лични податоци кои се прибираат  преку оваа апликација согласно со член 8 од Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.19/2021година) да  бидат обработени од страна на Државниот завод за статистика како контролор на податоците, и дека како агрегирани (збирни податоци ) ќе се користат исклучиво за: креирање на развојни политики, макроекономски планирања, научни и други истражувања и статистички цели (член 2 став 1 од Законот за Попис).

Воедно, прибраните податоци ќе бидат заштитени од страна на Државниот завод за статистика  преку примена на технички и организациски мерки  согласно законските прописи.“

 

  1. Собраните податоци преку Апликацијата за самопопишување  ќе се споредат со податоците од претпописната база на податоци. Бројот на самопопишани лица преку Апликацијата за самопопишување не значи по автоматизам број на резидентно население на  Република Северна Македонија.

 

  1. При внесот на адресата, освен улица, не е задолжително полето број и стан, бидејќи во некои населени места – села не постои улица, број и стан.

 

 

Во врска со јавното објавување на лични податоци во медиумите и на социјалните мрежи, сметаме дека е повреда на личните права заштитени со Законот за заштита на лични податоци, за што Агенцијата треба да постапува.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Одложено рочиштето за „Организаторите на 27 април“

НАЈНОВО

Кабранов и Зенку анализираат: Жестока предизборна реторика, притисоци врз опозициските кандидати

September 16, 2025

Почнува новата сезона во Лигата на шампиони

September 16, 2025
Фото: Скирншот, АП

Рубио најави можна средба меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк следната недела

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk