ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Интересот за еврообврзницата 2,3 пати поголем, што покажува дека сме попривлечни за инвеститорите од многу економии во регионот

March 4, 2021 12:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

 Со вчерашната аукција Република Северна Македонијa покажа дека за инвеститорите е многу попривлечна од многу економии во регионот, како и дека имаат доверба во политиките кои се спроведуваат, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими денека на прес-конференција за вчера издадената еврообрзница.

Република Северна Македонија вчера ја издаде осмата еврообврзница во вредност од 700 милиони евра. Со неа ќе се врати долгот по основ на третата еврообврзница од 2014 година во износ од 500 милиони евра. Нето-повлекувањето по основ на оваа аукција изнесува 200 милиони евра и остатокот од средствата ќе се наменат за финансирање на буџетскиот дефицит. Примарно овие средства ќе се насочат кон економските и здравствените мерки за справување со ковид-кризата.

Министерот потенцира дека на верашната аукција, имало за 2,3 пати поголема побарувачка од страна на меѓународните инвеститори, односно ако понудата за осмата еврообврзница беше 700 милиони евра, побарувачката била 1,6 милијарди евра од страна на над 130 меѓународни инвеститори.

-Ако направиме споредба со други економии од регионот и пошироко кои издадоа еврообврзници во последните неколку месеци, нашата економија ужива поголема доверба кај инвеститорите, односно пониска каматна стапка од голем број од нив. Така на пример, минатата недела Хрватска издаде две еврообврзници од по милијарда евра, од кои едната со каматна стапка од 1,75 отсто додека другата од 1,125 отсто. Понатаму минатата недела и Србија излезе на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзница од милијарда евра и постигна каматна стапка од 1,65 отсто. Еврообврзниците кои ги издаде Турција кон средината на јануари годинава, од по 1,75 милијарди евра, беа со каматни стапки од 4,75 отсто и 5,875 отсто. Во декември минатата година Украина издаде еврообврзница од 600 милиони евра со камата од 7,253 отсто. Црна Гора на почетокот на декември минатата година издаде еврообврзница во износ од 750 милиони евра со камата од 7,253 отсто, посочи Бесими.

Дополни дека Романија кон крајот на ноември издаде две еврообврзници во износ од милијарда и пол евра со каматна стапка од 2,625 и од милијарда евра со каматна стапка од 1,375 отсто, Турција, исто така, ноември минатата година издаде еврообврзница во износ од 2,3 милијарди евра со каматна стапка од 5,95 отсто и Србија од 2 милијарди евра со каматна стапка од 2,125 отсто.

Според министерот, каматната стапка што се постигна на вчерашната аукција е убедливо најниска споредено со претходно издадените еврообврзници. Таа изнесува 1,625 отсто, или за 1,125 процентни поени помалку од еврообврзницата од 2018 година која досега имаше најниска каматна стапка од сите наши обврзници. Во однос на еврообврзницата издадена во 2009 година, која е со најголема каматна стапка од сите наши еврообврзници, оваа еврообврзница, рече министерот, има камата пониска за 8,25 процентни поени.

-Она што е особено охрабрувачки од аспект на меѓународниот пазар на капитал е дека за само девет месеци има значително подобрување на перспективите на нашата економија и нејзиниот потенцијал кај меѓународните инвестори. Така, каматната стапка на седмата еврообврзница, која беше издадена на почетокот на корона-кризата во јуни 2020 година, изнесуваше 3,625 отсто. Сега каматната стапка е 1,625 отсто, или за 2,05 процентни поени помалку. Во овој период се донесоа и почнаа да се спроведуваат третиот, четвртиот и петиот пакет антикризни мерки, кои заедно со другите политики, влеваат сигурност за нашата економија кај инвеститорите. Оттаму, цената на капиталот кој ни го позајмуваат е по исклучително пониска каматна стапка, која е приближно иста цена со домашните државни хартии од вредност со слична рочност, рече Бесими.

Појасни дека намената на осмата еврообврзица е во најголем дел за враќање на стари –
поскапи долгови и за обезбедување средства за развој на економијата и справување со кризата

Сумата на осмата издадена еврообврзница е 700 милиони евра, но нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра. Со средствата од оваа еврообврзница ќе се рефнансира еврообврзницата издадена во 2014 година во износ од 500 милиони евра. Еврообврзницата од 2014 година е издадена со каматна стапка од 3,975 отсто со рочност од 7 години, или за 2,35 процентни поени повисоко во однос на еврообврзницата издадена сега. Тоа значи дека по основ на камата ќе се заштедат скоро 82,25 милиони евра, рече министерот.

Според Бесими, погрешни се гласините дека се прави ново нето-задолжување од 700 милиони евра.

-Кога се носеше буџетот за 2021 година, беше посочено дека покрај буџетскиот дефицит од 568,1 милиони евра, кој се должи главно на потребите поврзани со ковид-кризата, треба да се отплати надворешен долг во вкупен износ од 605,6 милиони евра – во кој влегува и еврообврзницата од 2014 година и отплата на домашен долг од 99,5 милиони евра по основ на претходно издадени државни хартии од вредност и структурни обврзници.  Остатокот од средствата ќе се обезбедат преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот пазар, поволни развојни кредити од меѓународни организации и користење депозити кои ги оставивме како резерви (бафери) во 2020 година, рече министерот.

Тој наведе дека заедно со преземните обврски и отплата на обврските кои достасуваат, проекциите на Министертсвото за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на годината ќе изнесува 53,2 отсто, додека јавниот 63,4 отсто.

-Со предвидените мерки за фискална консолидација на среден рок, преку подобрување на наплатата на приходите, реструктуирање на расходите и нови извори на финансирање на буџетскиот дефицит, се очекува јавниот долг да се стабилизира под Мастришкиот критериум, односно во 2025 година тој да изнесува 58,8 отсто од БДП, додека државниот долг 51 отсто, рече Бесими.

Соопшти дека наплатата на приходите во буџетот во февруари се враќа на ниво од предкризниот период, се очекува постепено стабилизирање и ревитализација на економијата .

-Приходите во буџетот од почетокот на годинава заклучно февруари се на скоро исто ниво како и минатата година, односно пред почетокот на ковид-кризата. Наплатата на даноците изнесува 17,8 милијарди денари и е на исто ниво како лани, додека наплатата на придонесите е 10,4 милијарди денари и е за 1,7 отсто повисоко во однос на лани. Реализацијата на расходите е согласно планираната динамика, исто како и реализацијата на буџетскиот дефицит. Во февруари, конкретно имаме раст на наплата на даноците за 3,5 отсто во однос на лани, кај данокот на добивка имаме подобра наплата за 27,7 отсто во однос на истиот месец лани, а кај ДДВ имаме раст од 9,7 отсто. Кај придонесите имаме 4,3 отсто раст во однос на истиот месец лани, потенцира Бесими.

Тој додаде дека државната статистика неделава ја објави проценката на реалниот БДП во 2020 година. и дека  со позитивното влијание на извозот во последниот квартал од 2020 година, вкупниот економски резултат за минатата година е -4,5 отсто или многу блиску до проекцијата на Министерството за финансии која беше -4,4% отсто. Годинава, според министерот, очекувањата се дека економијата ќе се стабилизира и ќе се врати на патот на економски раст и развој. На тоа, рече,  впрочем укажува и довербата која странските инвеститори ја изразија за нашата економија.

-Ние ќе продолжиме да ја користиме фискалната политика како катализатор на заздравувањето на нашата економија. Имаме добри сигнали и основа да очекуваме реализација на нашите проекции за раст од 4,1 отсто годинава, а потоа ќе дејствуваме во насока на негово забрзување и одржливост, истакна министерот за финасии Фатмир Бесими.

извор: МИА

Next Post

Бочварски: Развојот на општините да продолжи согласно сите можности од Законот за урбанистичко планирање

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk