ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Brainster: До 2025 дефицит од 5.142 ИТ кадри, земјава меѓу последните во Европа по STEM дипломци

March 4, 2021 10:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дури 50 отсто од работните места во претстојниот период ќе се автоматизираат, а за дури 90 проценти ќе биде потребно поседување дигитални вештини, покажуваат најновите светски истражувања. Поради КОВИД-19 и се поинтензивната автоматизација, професиите во дејностите наука, технологија и инженерство ќе бидат во пораст за речиси четири отсто, а најголем пад од пет проценти ќе има кај административната и канцелариската дејност, како и кај производството, за 4,6 отсто.

Како што наведува македонската компанија за едукација Brainster која на својата нова платформа Future of Jobs ги посочува најновите трендови за професиите на иднината, најголем ризик за губење работни места ќе има во трговијата на големо и мало, производството, хотелиерството, угостителството и градежништвото.

Според Светскиот економски форум, најбарани професии ќе бидат дата аналитичари и научници, специјалисти за вештачка интелигенција и машинско учење, специјалисти за големи податоци (Big data), специјалисти за дигитален маркетинг и стратегија и специјалисти за автоматизација на процеси, а работни места со намалена побарувачка записничари и внесувачи на податоци, административни и извршни секретари, сметководители, монтажери и работници во фабрика.

Во земјава, нагласува Brainster, се проектира сериозен недостиг од кадри во ИКТ индустријата. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2019 година имало 685 дипломирани студенти на ИКТ студии што резултирало со недостаток од 568 луѓе имајќи го предвид просечниот годишен раст од 1253 нови работни места.

-Проектираниот недостаток на работна сила во ИКТ секторот за периодот 2020-2023 е дури 5142 работници. Овде во најголема мера се професиите од различните области од STEM (science, technology, engineering and mathematics). Еуростат, пак, наведува дека токму во овие области има дефицит на дипломирани кадри. Во извештајот се посочува дека во земјава има 7,7 STEM дипломци на илјада жители и по тој параметар земјата е практично на крајот, односно на 33. место од вкупно 35 земји членки на ЕУ и кандидати земји членки за ЕУ за кои Еуростат води статистика, посочува Brainster.

Сите овие податоци, укажува комапнијата, алудираат на сериозна потреба од инвестирање во ИТ образование за да се подобрат вештините на населението и да се одговори на зголемената побарувачка за квалификувана работна сила.

-Платите во ИКТ секторот ќе продолжат сѐ повеќе да отскокнуваат од просекот, а и гледајќи наназад, Државниот завод за статистика објавува пораст од 14 отсто на просечната месечна бруто плата по вработен во секторот „Информации и комуникации“, и тоа за само еден месец, односно од ноември 2020 до декември 2020 година. Истиот извештај ги анализира и најплатените работни позиции на македонскиот пазар, каде на прво место на листата највисоки просечни плати по вработен се исплатени во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, и тоа со просек од 76.223 денари нето плата, истакнува Brainster.

извор: МИА

Next Post

Платформата за родова еднаквост бара работодавачите да ги ослободат работничките од работни обврски за да присуствуваат на Маршот за 8 Mарт

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk